- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Пролетта е она време од годината кога бројот на алергии значително се зголемува. Поленот и алергиите во средината се само дел од виновниците кои ја влошуваат ситуацијата. Сите сме запознаени со алергиите предизвикани од полен и прашина.
Перниците ни помагаат да се наспиеме. Тие ни даваат одлична поддршка и делуваат директно на нашиот ‘рбет. Поголем дел од перниците се перат во машина и после неколку перења се уништуваат.
Кога одбирате мебел за собата на вашето дете, имајте предвид дека мебелот треба да е безбеден. Специјалниот водич за одбирање мебел за собата на вашето дете ќе ви помогне да одлучите каква средина за спиење му е потреба на вашето дете.
Придобивките од добриот сон се неверојатни. Откако добро ќе се наспиете, наутро сте полни со енергија и подготвени да се соочите со сите предизвици во новиот ден. Но ако се будите уморни и со болки во грбот, тогаш е време да го замените душекот.
Многу е важно да ја имате вистинската перница, бидејќи не само што ќе му даде поддршка и удобност на вратот, туку ќе ги спречи и болките во главата, вратот и грбот и ќе ви помогне ‘рбетот да биде во соодветна положба. Исто така ќе ве штити од алергени и вие ќе спиете во свежа и здрава средина.
Некои луѓе веруваат дека на секои 7 години треба да се случува некоја значајна промена. Тоа е интересна коинциденција бидејќи се препорачува душекот да се менува на секои 7 години. После 7 години, душекот е целосно искористен и подготвен за замена. Ако купите многу квалитетен душек може да го користите до 10 години.
До кој степен материјалите кои се користат за изработка на душекот може да влијаат на квалитетот на нашиот сон? Кои материјали се најнежни кога станува збор за нашето тело? Колку е важна селекцијата на материјали кои се најблиску до нашата кожа, на пример чаршафи, ќебиња и навлаки за перници?
Сите сме понекогаш изгубени кога станува збор за купување на нов душек – сепак е нешто што не го правиме многу често. Одбирање на вистинскиот душек кој ќе одговара на нашите потреби и навики е многу поважно отколку што мислите. Едноставно запомнете дека ние поминуваме речиси една третина од нашиот живот спиејќи, па затоа треба да одберете душек кој ќе ве служи подолго време.
Време е за нов душек. Најчесто луѓето ја користат оваа фраза кога пружините се веќе излезени од душекот и ги боцкаат во грбот или кога заштитната прекривка е веќе стара и валкана. Но зошто да страдате и чекате толку долго?
Кога сте уморни, најчесто се потпираме на „брзите лекови“, како што се кафето други додатоци кои го ревитализираат нашето тело. Но, специјалистите тврдат поинаку: најдобриот начин за подобри физички и ментални способности е спиењето.