КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

10 навики што треба да ги смените за мирен сон

На нередовното и лошо спиење не секогаш влијаат само надворешните фактори. Многу често, причината за недостигот од сон лежи во нашите навики. Прочитајте кои навики треба да се сменат за помирен сон.

На нередовното и лошо спиење не секогаш влијаат само надворешните фактори. Многу често, причината за недостигот од сон лежи во нашите навики. Прочитајте кои навики треба да се сменат за помирен сон. Легнувајте си и станувајте приближно во исто време, дури и за време на викендите.

Кога ќе го навикнете телото да се одмара во приближно исти термини, тоа многу полесно ќе го регулира циклусот на заспивање и будење. Не јадете и не пијте многу пред легнување.

За вечера секогаш јадете полесен оброк, но избегнувајте лута, пресолена или зачинета храна. Исто така, најмалку еден час пред легнувањето не пијте течности, за да не станувате често во текот на ноќта. Избегнувајте никотин, кофеин и алкохол во вечерните часови.

Сите овие материи се стимуланси и треба да се избегнуваат за мозокот да може доволно да се релаксира и да влезе во фазата на спиење. Редовно вежбајте.

Редовната физичка активност, особено аеробните вежби, помагаат во регулацијата на голем дел од биохемиските процеси во организмот, вклучително и циклусот на спиење. Спалната соба нека Ви биде студена, темна, тивка и удобна.

Идеалната соба за спиење треба да биде со максимална температура од 21 степен, да има што е можно помалку светлина, да се слушаат колку што е можено помалку звуци и нормално, мора да имате удобен душек. Најчесто спијте ноќе.

Попладневните дремки се важни за обновување на енергијата во текот на денот, но ништо не може да го замени ноќниот сон. Затоа попладневните дремки нека Ви бидат ограничени на 20 минути до половина час, а ноќе задолжително спијте најмалку 7 часа. Одберете удобен душек и удобна перница.

Секој треба да одбере душек и перница според своите потреби, според типот на телото, положбата на спиење, личниот вкус итн. Легнете си кога ќе се изморите и исклучете го светлото.

Доколку не заспиете за 15 до 20 минути, станете и правете нешто друго. Вратете се в кревет кога ќе повторно ќе се изморите. Не се  нервирајте ако не можете да заспиете, зашто тој дополнителен стрес всушност ќе Ве спречи да заспиете уште долго време.