- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Можете да ја разубавите и зацврстите кожата, ефикасно и со долготраен ефект. За ова Ви се потребни само овие 10 корисни и пред сè домашни рецепти за елиминирање на целулитот.
Можете да ја разубавите и зацврстите кожата, ефикасно и со долготраен ефект. За ова Ви се потребни само овие 10 корисни и пред сè домашни рецепти за елиминирање на целулитот. 1. Цврста кожа со лесна и здрава храна
Лошата исхрана има огромен ефект врз состојбата на кожата, па затоа треба да избегнувате производи од бело брашно, слатки, засладени и газирани сокови. Исто така, треба да внесувате храна со колку што е можно помал процент на сол, бидејќи солта задржува вода во организмот. Јадете многу овошје, зеленчук и внесувајте витамини и минерали. 2. Течностите ја прават кожата среќна
За да имате затегната и убава кожа, мора да пиете доволно течности, затоа што тие помагаат при исфрлањето на токсините од телото. Најдобро е да пиете вода (по желба со додаден свеж лимонов сок) или незасладен чај. 3. Есенцијални масла против стрес
Есенцијалните масла го елиминираат стресот и Ве опуштаат, што се забележува и на кожата. Најпрепорачливо е да користите есенцијално масло од лаванда, поради смирувачкиот ефект, но и начинот на кој помага при елиминацијата на целулитот. 4. Пилинг за циркулација
Пилингот е особено корисен во лето, а згора на тоа, се работи и за одлична масажа. Ако ја забрзате циркулацијата во кожата, таа ќе стане помека. 5. Придобивки од вежбање
Вежбањето ја смирува и подмладува кожата. Преку потењето, телото ги излачува токсините, а исто така и ќе се чувствувате подобро. 6. Ефекти од туширање
Истуширајте се со млака вода, која ќе Ве подмлади и ќе ја забрза циркулациајта, што исто така е корисно во борбата против целулитот. 7. Спиењето во име на убавината не е мит
Добро наспијте се по исцрпувачкиот ден. Недостигот од сон и премореноста оставаат траги на кожата. Одморот е клучен за убавата кожа. 8. Користете ги правилните креми за потхранување
Кремите за потхранување на кожата треба да содржат колку што е можно повеќе антиоксиданси. Користете производи со витамини А, Ц и Е, цинк, овошни ензими, екстракт од семки од грозје, коензим Ку10, маслиново масло, зелен чај, бел чај итн. 9. Помогнете ѝ на кожата со редовна масажа
Редовните масажи се поважни од анти-целулитните креми и придонесуваат многу повеќе за поубав изглед на кожата. Најефективно е користењето млеко за тело и масирање на проблематичните делови од кожата. 10. Цврста кожа со помош од природата - Јадете лубеници затоа што тие помагаат во елиминирањето на вишокот вода од телото, а со тоа се намалува и целулитот. - Јадете јаболка и млечни производи, препорачливо обичен јогурт, бидејќи карнитинот во јогуртот и пектинот во јаболката го забрзуваат разградувањето на мастите. - Добар извор на пектин исто така се сливите и цитрусните овошја. Сокот од лимон го забрзува излачувањето на колаген, што на кожата ѝ дава цврстина и флексибилност.