КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

10 видови храна кои предизвикуваат зависност

Сите ја знаеме важноста на здравата исхрана, а сепак ни е исклучително тешко да се навикнеме на новиот режим. Постои многу добра причина за тоа. Научните истражувања покажаа дека одредени видови храна предизвикуваат зависност.

Сите ја знаеме важноста на здравата исхрана, а сепак ни е исклучително тешко да се навикнеме на новиот режим. Постои многу добра причина за тоа. Научните истражувања покажаа дека одредени видови храна предизвикуваат зависност. 1. Бел леб

Белиот леб е еден од најлошите прехранбени производи што можете да ги имате во домот. Овој леб се прави со рафинирано брашно, од кое се отстранети лушпите од зрната, никулците и сите хранливи материи. За да бидете сигурни дека јадете здрав леб, барајте интегрална варијанта, која не можете да ја стуткате до величина на џамлија. 2. Крофни

Експертите сметаат дека шеќерот е најзависната супстанца во човечката исхрана. Истражувањата покажаа дека при секое внесување шеќер во организмот се ослободува допамин во мозокот, до степен кој вообичаено се забележува при внесување зависни дроги. 3. Тестенини

Не само што јадеме премногу од оваа храна која изобилува со скроб, туку ја преливаме со путер, сол и кашкавал. Но, ова не значи дека треба да се откажете од тестенини. Едноставно купете поквалитетен вид, по можност интегрални и гответе ги „ал денте“, што го снижува гликемичкиот индекс. Нормално, не заборавајте да ја ограничите порцијата на разумна количина. 4. Торти

Има нешто неодоливо во благите и тестести или кремасти торти. Но, ако претерате со јадење торти, можете значително да си скратите животниот век, бидејќи претераната употреба на шеќер се поврзува со прекумерна телесна тежина, дијабетес и синдромот на забавување на метаболизмот. 5. Чипс

Речиси без исклучок, чипсовите се преполни со сол и масти, а одредени видови дури имаат наведено и шеќер во листата на состојки. Разумна алтернатива за омилените грицки би биле тиквички печени на скара, со многу малку морска сол, без никакви други додатоци. 6. Колачиња

Постои добра причина зошто во ниту еден дом колачињата не остануваат долго време. Истражувањата покажаа дека со самото тоа што ќе погледнете некоја храна што ве искушува, во мозокот се ослободува допамин. Ако изедете неколку, тогаш мозокот се преплавува со хормонот што предизвикува позитивни чувства, што прави да посакувате уште. 7. Чоколадо

Чокохолиците се соочуваат со физички, емоционални и бихевијорални реакции на чоколадо, кои се многу слични на реакциите на зависниците од дрога. Секако, темното чоколадо ќе ви донесе одредени здравствени придобивки, но најголемиот дел од чоколадите, кои изобилуваат со млеко во прав, масти, масло и шеќер, ги поништуваат сите благопријатни ефекти и прават огромна штета. 8. Помфрит

Помфритот е најголемиот кошмар за сите луѓе кои се на диета, а најубавиот сон на индустријата за брза храна. Овој вид компири е совршена комбинација на трите најштетни состојки во храната: сол, масти и шеќер. Со тоа, тие предизвикуваат неверојатна зависност. 9. Бонбони

Според истражувањата, храната на која сме изложени во матката, но и во раните фази од детството (посебно бонбоните!), може да направат зависник од храна од секој човек. Затоа е многу важно да внимаваме со што ги храниме нашите деца. 10. Сладолед

Сладоледот е омилен десерт на сите генерации. Се јаде во среќни и тажни моменти. Се јаде како освежување, како совршена ужинка која ве потопува во задоволство... Но, истражувањата покажаа дека претераното внесување на процесирани десерти, како што е сладоледот, предизвикува намалување на желбата за други видови храна, што некогаш сме ги гледале како задоволство (на пр. лубеница). Тоа се должи на хедонистичката страна на човечкиот мозок. Откако еднаш ќе го изложиме на нешто што предизвикува толкаво задоволство, помалите задоволства веќе изгледаат безначајно.