- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сечиј сон е за колку што е можно покусо време да стигне до телото од соништата. Иако не постои магичен начин да се постигне тоа, следниве 5 чекори ќе ви помогнат значително да го забрзате процесот.
Сечиј сон е за колку што е можно покусо време да стигне до телото од соништата. Иако не постои магичен начин да се постигне тоа, следниве 5 чекори ќе ви помогнат значително да го забрзате процесот.
Основа на секоја добра програма за вежбање се кардио вежбите. Со нив ќе согорите најмногу калории и ќе ги стопите масните наслаги на местата каде што најмногу се таложат. Никој не вели дека треба да трчате маратон, можете да се одлучите за брзо одење или возење велосипед – но важно е да бидете физички активни.
Вашата фитнес програма мора да има вежби со отпор, кои ќе дејствуваат во насока на засилување на јадрото, рацете, нозете и грбот.
Во деновите кога не вежбате кардио вежби, комбинирајте ги вежбите со отпор со нежни пози кои го компресираат градниот кош, подобрувајќи го крвотокот и здравјето на срцето. Доколку правилно ги искомбинирате, овие вежби можат да бидат подеднакво корисни колку и вежбите со висок интензитет.
Без разлика што вежбате, никогаш не го правете тоа жедни. Не мора да пиете вода по секоја серија вежби, но секогаш имајте си шише со вода крај себе, за во случај да почувствувате жед. Размислете за мала ужинка по вежбањето, одредена комбинација на протеини и јаглехидрати. Тоа ќе помогне во побрзото опоравување на мускулите од напорот (прескокнете ја ужинката доколку се обидувате да ја намалите телесната тежина).
Не мора слепо да се држите до рутината секоја недела, всушност, многу подобро е да ја менувате рутината, за да ја избегнете монотонијата. Но, секогаш треба да имате план, кој ќе ве води кон зацртаната цел и во чии рамки ќе можете да маневрирате.