- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Се мачите да заспиете, а стомакот Ви кркори. Доколку станете и изедете полн оброк речиси сигурно ќе имате потешкотии во текот на ноќта, па затоа опцијата која Ви преостанува е да каснете нешто лесно што веднаш ќе Ве заспие.
Се мачите да заспиете, а стомакот Ви кркори. Доколку станете и изедете полн оброк речиси сигурно ќе имате потешкотии во текот на ноќта, па затоа опцијата која Ви преостанува е да каснете нешто лесно што веднаш ќе Ве заспие. Цреши Свежите и сувите цреши се дел од најдобрите прехранбени производи кога станува збор за полесно заспивање. Црешите се еден од ретките природни извори на мелатонин, супстанцата која го регулира внатрешниот часовник на метаболизмот и е особено важна за спиењето.
Научниците кои ги тестирале црешите и ја откриле големата концентрација на мелатонин, препорачуваат да се јадат половина до еден час пред спиење (особено за луѓето кои ги мачи несоница) или непосредно пред патување на кое сакате да заспиете. Банани Бананите се богати со калиум и магнезиум. Двата минерала ги релаксираат мускулите, а и директно учествуваат во создавањето на серотонинот и мелатонинот, кои се клучни за заспивањето и одморањето. Двопек Парче двопек ќе Ви помогне да заспиете многу бргу, со оглед на тоа што во него има поголема концентрација јаглехидрати кои го поттикнуваат лачењето на инсулинот, кој пак предизвикува сонливост со тоа што го забрзува излачувањето на серотонин и триптофан, кои се неопходни за да заспиете. Овесни житарки Овесните житарки делуваат многу слично како двопекот, со тоа што го подигаат нивото на шеќер во крвта и ја отпочнуваат верижната реакција која завршува со илзачувањето серотонин и триптофан. Покрај тоа, природно содржат мелатонин, кој е главна состојка во апчињата за спиење. Млеко Покрај триптофанот, млекото содржи и калциум. Овие материи дејствуваат активно во насока на опуштање. Испијте чаша топло млеко половина час пред легнување и ќе спиете како бебе.