КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

6 идеи за здрави подароци

Има ли подобар начин да им покажете на најблиските дека се грижите за нивното здравје, отколку преку подароците за Нова година? Ако немате идеја за таков подарок, погледнете ги нашите предлози.

Има ли подобар начин да им покажете на најблиските дека се грижите за нивното здравје, отколку преку подароците за Нова година? Ако немате идеја за таков подарок, погледнете ги нашите предлози.

Темно чоколадо

Чоколадото со висок процент на какао (најмалку 70%) е вкусно, а во исто време нуди заштита од повеќе болести, поради присустноста на антиоксидансите. Меѓу другото, темното чоколадо помага да се справите со високиот крвен притисок, го намалува ризикот од згрутчување на крвта и ја подобрува работата на мозокот.

Музичка четка за заби

Кариесот кај децата е сѐ почест, па за да им помогнете на своите деца да стекнат навика за редовно одржување на оралната хигиена, купете им музичка четка за заби што ќе ги забавува додека ги мијат забите.

Зелен чај

Зелениот чај е исклучително здрав пијалак, делумно поради тоа што е помалку процесиран од другите чаеви. Овој чај заштитува од широка палета болести, но и од кариес и парадентоза.

Смеа

Смеењето може да биде форма на вежбање, бидејќи според последните истражувања, со смеење може да се согорат 50 калории за 10 до 15 минути смеење. Ако сакате да направите нешто добро за своите најблиски, подарете им добра комедија или пак книга со шеги.

Подобар сон

Еден од темелите на доброто здравје е добриот сон. Ако мислите дека најблиските не спијат доволно или пак спиењето не им е доволно квалитетно, купете им нов душек или пак поквалитетна перница, што ќе им гарантира подобар сон.

Педометар

Доколку сакате да им го олесните вежбањето на вашите најблиски, купете им педометар. Со него ќе може да ги следат направените чекори, времето изминато во вежбање и сите други важни параметри при пешачење или трчање.