КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

6 начини добро да се наспиете секоја вечер

Секогаш кога нешто Ве мачи во животот, првото нешто што страда е сонот. А, недостигот од квалитетен сон потоа предизвикува уште редица здравствени проблеми. За да си го заштитите здравјето, треба превентивно да делувате и без разлика што се случува, да ги следите проверените совети со кои ќе можете да се наспиете секоја вечер.

Секогаш кога нешто Ве мачи во животот, првото нешто што страда е сонот. А, недостигот од квалитетен сон потоа предизвикува уште редица здравствени проблеми. За да си го заштитите здравјето, треба превентивно да делувате и без разлика што се случува, да ги следите проверените совети со кои ќе можете да се наспиете секоја вечер.

Вежбајте во текот на денот

Во некој дел од денот, добро изморете се физички. Вежбањето не само што има благопријатно дејство врз телото, туку го ослободува и умот. Ви помага да се подготвите за опуштање.

Јадете здрава храна во соодветна количина

Мрсната храна не е најпријатна за желудникот пред спиење, но ова не мора да важи за сите – некои луѓе потешко поднесуваат други видови храна. Исто така, ако се прејадете, ќе имате потешкотии да заспиете, но и ако не изедете доволно, ќе огладните пред да задремете. Затоа, најдобро е да се јаде здрава храна, распределена во повеќе оброци, со мала количина.

Завршете го денот

Не ги носете грижите со себе во постелата. Одвојте неколку минути и размислете за денот што поминал. Што сте направиле добро, што не, што можете да смените во утрешниот ден, а што е надвор од Ваша контрола.

Бидете постојани

Дури и на викендите, трудете се да го задржите истото време на станување. Понекогаш можете да направите исклучок доколку сте многу уморни и Ви е потребно уште малку спиење, но тоа никако не смее да прерасне во навика. Доколку му приредувате шокови на метаболизмот, следното понеделничко утро ќе Ви биде уште потешко од претходното.

Инвестирајте во креветот

Не штедете кога станува збор за душек или постелнина. Барајте квалитет, затоа што всушност инвестирате во здравјето.

Запишете ги маките

Водењето дневник можеби на прв поглед Ви се чини како анахронизам, но обидете се и ќе видите колку полесно ќе се чувствувате откако маките од главата ќе ги пренесете на хартија.