- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали некогаш сте броеле овци во ситуација кога не можете да заспиете и тоа воопшто не помогнало? Ако да, тогаш не е ни чудо, бидејќи оваа техника воопшто не функционира. Броењето овци е здодевно и мозокот за брзо време се враќа на вообичаените грижи.
Дали некогаш сте броеле овци во ситуација кога не можете да заспиете и тоа воопшто не помогнало? Ако да, тогаш не е ни чудо, бидејќи оваа техника воопшто не функционира. Броењето овци е здодевно и мозокот за брзо време се враќа на вообичаените грижи. Прочитајте кои други митови за спиењето беа разбиени во последниве години.
Скорешните истражувања направени во Шведска покажаа дека нормалното спиење ве прави попривлечни. Во направената студија, од 65 обични луѓе било побарано според привлечноста да рангираат фотографии од 23 мажи и жени, на возраст од 18 до 30 години. Од секој учесник имало по две фотографии, едната сликана по добар сон, а другата по 31 час неспиење. Набљудувачите ги оцениле сите фотографии на кои учесниците биле лишени од сон како помалку атрактивни и понездрави.
Порано се мислеше дека ова е лоша идеја, бидејќи некои сцени (без разлика дали во книга или на телевизиска програма) можат да ве вознемират и потоа да не можете да спиете. Новите податоци велат дека постои нешто многу пострашно – зголемена изложеност на светлина во текот на ноќта. Светлината што ја користите за читање или отсјајот од телевизорот можат да го потиснат излачувањето на мелатонин, хормонот кој е клучен за добриот сон.
Без разлика на возраста, сите возрасни луѓе имаат потреба од 7 до 9 часа спиење секој ден. Овој мит е базиран на фактот што во постарата возраст, биоритамот неретко се нарушува, па се случува постарите лица почесто да се будат и да имаат проблеми со заспивањето.
Иако алкохолен пијалак пред спиење може да ви се чини релаксирачки, алкохолот всушност ги нарушува нормалните циклуси на сонот, особено РЕМ фазата во која најмногу се одмараме. Ако дојде до нарушување на оваа фаза, можно е да се соочите со кошмари или пролонгирано нарушено спиење.
Неможноста да заспиете или да останете заспани е симптом на несоница. Експертите велат дека е најдобро да станете по 15 или 20 минути, да отидете во друга соба и да слушате музика или да читате, додека ви се приспие.
Телото се одмара додека спиете, но мозокот е многу зафатен со средување на податоците од претходниот ден.
Премногу спиење е подеднакво штетно како недоволното спиење. Двете состојби се поврзани со зголемен ризик од дијабетес, повишен крвен притисок и срцеви заболувања.