- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ако веќе сте родител, можеби е предоцна за ова, но, ако сѐ уште го чекате бебето да пристигне, ова може да ви се најде. Ако се подготвите за тоа што следува, можеби полесно ќе се справите со сите промени кои ви претстојат.
…и вашиот партнер за потреби во спиењето. На некои од нас им е потребно повеќе сон, додека на некои помалку, но, факт е дека ќе спиете помалку од тоа на што си навикнати. Дискутирајте и најдете решение кое ќе одговара на двајцата или позборувајте за тоа да најдете помош, ако сметате дека ќе биде претешко за двајцата.
Новороденчето во домот може да биде стресно за нови родители, затоа е важно да бидете фер кон себе. Сега имате голема одговорност и веќе страдате заради недостатокот на сон, изморени сте и најмалку што сега ви треба е дополнителен стрес или обврски.
…на сѐ што мислите дека ви е премногу во моментот. Ова не е време да им помагате на другите. Ова е време кога другите треба да ви помагаат вам. Ставете се себе, вашето бебе и вашето семејство на прво место, сѐ друго е помалку важно. Во овој период, најважното нешто е да го чувате здравјето и разумот, сѐ друго нека почека.
Како што веќе споменавме, сега е време да ја прифатите секоја помош што ви се нуди. Секако, можеби не сакате да се разделите од бебето, но има толку многу начини со кои другите можат да ви помогнат.
Ако ви доаѓа пријателка на гости, замолете ја да ви донесе ќеса со намирници,
Ако мајка ви доаѓа да си го види внучето, замолете ја да ја среди облека,
И ако можете да си дозволиш, најдте некој кој ќего чисти домот, за да не треба да го трошите вашетот скапоцено време и енергија.
Секако, некои супер мајки кои ги гледаме на Инстаграм кои имаат новороденче (и едно или две поголеми деца во исто време), имаат среден и чист дом и успеваат да зготват здрав оброк секоја вечер – додека вие едвај стигнувате да си ги измиеш забите. Не грижете се, фотографиите на социјалните мрежи ретко ја отсликуваат реалната слика, затоа не се чувствувајте виновно.
Ако не стигнавте да си ја измиете косата, фатете пунџа.
Ако немате време за готвење, нарачајте готова храна.
Ако немате време за чистење, оставете домот нека биде растурен некое време. Навистина не е важно, сѐ додека успевате да најдее малку време да се одморите и да отспиее.
Ова е практично поради две причини. Прво, како нов родител, сигурно постојано се будите и се грижите дали бебето е добро. Ова е сосема природно, но, ако бебето е во другата соба, ова значи дека ќе треба да станувате постојано да го проверувате. Ако бебето спие во креветче веднаш до вас, многу ќе си ги олесните работите.
И втората причина: секој пат кога бебето ќе се разбуди, сѐ што треба да направите е да ја пружите раката да го смирите, наместо да станувате. Ако треба да го доите, можете да го преместите бебето во вашиот кревет и потоа да го вратите во креветчето.
Знаеме дека нема да можете да одолеете секогаш кога ќе имате малку слободно време, да седнете да гледате серија, да проверите што се случува на Фејсбук, да се јавите на пријателите или да посветите време на омиленото хоби. Но, пред да трепнете, бебето повторно ќе се разбуди и повторно ќе се чувствувате преморено.
Затоа, секогаш кога имате шанса да спиете, спијте. Сѐ друго може да почека. За неколку месеци, бебето ќе почне да спие поредовно и тогаш ќе можете да посветите повеќе внимание на вашите омилени активности.
Ова е најстариот трик и некои од новите родители се колнат во него, додека другите сметаат дека е речиси невозможно. Факт е дека има толку многу работа низ дома, која може да се заврши само додека спие бебето, особено ако имате бебе кое сака цело време да го држите во рака.
Садовите ќе бидат таму кога ќе се разбудите, исто и валканите алишта и прашината. Единствената работа која може да отиде некаде е вашиот разум и ментална состојба, затоа, држете се. Кога бебето ќе заспие, легнете си и вие – ова е единствениот начин да го издржите овој предизвикувачки и прекрасен период од вашиот живот.