КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

7 начини за борба против празничната депресија

Празниците треба да се еден од највеселите периоди во годината, но кај многумина, токму во овој дел од годината се јавуваат засилени чувства на анкциозност и/или депресија. За успешно да се справите со овие чувства, треба да ги следите следниве 8 совети.

Празниците треба да се еден од највеселите периоди во годината, но кај многумина, токму во овој дел од годината се јавуваат засилени чувства на анкциозност и/или депресија. За успешно да се справите со овие чувства, треба да ги следите следниве 8 совети.

 1. Направете нешто за себеси 

Бројните обврски, купувањето подароци и празничната еуфорија, можат да ве истоштат. Одвојте час или два и опуштете се со некој добар филм, отидете на маникир или педикир, направете си бања или што било што ве прави среќни.

 2. Повторно поврзете  се со пријателите 

Празниците се совршено време да ги обновите старите познанства, особено ако се чувствувате депресивно. Инстинктивно, во тие моменти сакате да бидете изолирани, но многу подобро е да бидете опкружени со луѓе, кои ќе ве потсетат колку сте сакани.

3. Потсетете се на саканите кои сте ги загубиле

Ако ова се првите празници по загубата, потсетете се на личноста која ви значела на некој убав начин, за полесно да се справите со болката. Најважно е да бидете зафатени со нешто. Пишувајте, сликајте, правете колаж – тоа што најприродно ви доаѓа.

4. Обидете се да избегнете изолација

Можеби ви се чини дека токму тоа сакате да го направите, но всушност, токму тоа треба да го избегнете. Излезете, прошетајте, разгледајте ги украсите низ градот...

5. Гледајте ги нештата во поинакво светло

Кога се чувствуваме депресивно, имаме тенденција сите нешта да ги гледаме во најцрната можна варијанта. Имајте го овој факт предвид, бидејќи интеракцијата со другите луѓе можеби ви е засенета од лошото чувство.

6. Планирајте

Ова е вистинското време да ги испланирате нештата: ручек или вечера со пријател, патување, излет... наполнете го календарот за наредниот месец. Така, ќе имате што да очекувате.

7. Побарајте помош

Ако чувствата ве потопиле до тој степен што не можете да станете од кревет или пак не сте способни за извршување на секојдневните обврски, размислете за барање помош од психијатар.