- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Се прашувате што Ве спречува да заспиете или пак зошто постојано се будите? Сѐуште не сте ја пронашле причината? Прочитајте за дел од најчестите причини кои предизвикувааат потешкотии со спиењето, можеби и Вашата се наоѓа меѓу нив.
Се прашувате што Ве спречува да заспиете или пак зошто постојано се будите? Сѐуште не сте ја пронашле причината? Прочитајте за дел од најчестите причини кои предизвикувааат потешкотии со спиењето, можеби и Вашата се наоѓа меѓу нив.
Дали лежите будни в кревет, загрижени за обврските во следниот ден? Дали се грижите дека нема на време да го чуете алармот? Се прашувате кој ќе ги однесе децата на училиште во тој случај? А можеби само сте загрижени за утринскиот состанок. Тоа е голема грешка! Кога ќе си легнете, треба да имате пријатни мисли во главата и да ги оставите грижите за следниот ден. Во спротивно, загриженоста ќе Ви го краде сонот секоја вечер.
Колку вода (или сок) пиете пред да си легнете и кога ја испивте последната чаша? Размислете, можеби пиете многу додека гледате филм или фудбал. Ако треба често да уринирате во текот на ноќта, тоа ќе Ви го наруши ритамот на спиење. Затоа, обидете се да го ограничите внесот на течности пред спиење. Барем еден час пред да си легнете, обидете се да не пиете ништо.
Лековите можат да Ви го нарушат сонот. Затоа, консултирајте се со Вашиот лекар за можноста да патите од несоница поради терапијата. Ако е така, тој може да Ви препише друга терапија.
Како спие Вашиот партнер? Се превртува немирно или дури и ’рчи? И ова може да е причина за Вашата несоница. ’Рчењето настанува кога луѓето спијат на грб. Тоа предизвикува мускулите во лицето и јазикот да се опуштат и задниот дел од јазикот може делумно да го попречи протокот на воздух. Ако сакате да го спречите ’рчењето кај партнерот, обидете се да го убедите да спие на страна или можеби да купи нова перница, што исто така може да има големо влијание врз квалитетот на сонот.
Пушењето пред спиење има огромен ефект врз спиењето. Пушачите се посклони кон проблеми со спиењето отколку непушачите, заради стимулативниот ефект на никотинот. Затоа, фрлете ги цигарите!
Што вечеравте? Ако сте се одлучиле за индиска храна или нешто што е приближно толку зачинето, тоа дефинитивно може да има влијание врз спиењето. По зачинетата храна, може да се соочите со гастритични проблеми, болки во желудникот итн., поради што нема да имате мирен сон.
Доколку спиете со миленикот во ист кревет и се будите при секое негово поместување, треба да преземете нешто и да го натерате да спие на друго место – на пример крај креветот, во нивно, посебно креветче.