- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Повеќе од јасно е дека треба да спиете од 7 до 9 часа дневно, а сепак дозволувате обврските да добијат приоритет. Но, доволното спиење можеби не е доволно. Дали знаевте дека легнувањето порано носи уште повеќе придобивки?
Повеќе од јасно е дека треба да спиете од 7 до 9 часа дневно, а сепак дозволувате обврските да добијат приоритет. Но, доволното спиење можеби не е доволно. Дали знаевте дека легнувањето порано носи уште повеќе придобивки?
Луѓето што остануваат будни до доцна во ноќта имаат тенденција да јадат подоцна, дури и кога не се гладни. Калориите од полноќните оброци имаат тенденција да се складираат во масни наслаги, наместо да се трошат.
Дополнително, доколку јадете доцна, поголема е веројатноста да го прескокнете појадокот, што значи нивото на енергија ќе Ви биде пониско во текот на денот, а постојат и добри можности да се прејадете подоцна во текот на денот.
Можеби се гордеете со фактот што можете да работите до доцна во ноќта, но студиите покажале дека навиките за ноќно работење полека, но сигурно водат кон несоница. Со текот на годините, не само што ќе Ви стане потешко да заспиете, туку ќе Ви биде потешко и да останете заспани.
Дури и ако не се дефинирате себеси како утринска личност, никој не е биолошки програмиран да останува буден до доцна навечер. Доколку рано станувате, во утринските часови ќе имате многу повисоки нивоа на енергија. За тоа време можете да завршите нешто важно во канцеларијата или пак, доколку станете уште порано, ќе имате време и за добар тренинг.
Според една јапонска студија, луѓето коишто си легнуваат по полноќ, за брзо време започнуваат да покажуваат знаци на стврднување на артериите, што е почетен симптом на одредени кардиоваскуларни заболувања.
Луѓето што живеат несинхронизирани со сонцето, т.е. оние што работат во ноќни смени, никогаш вистински не се навикнуваат на тоа. Можеби причината лежи во фактот што спиењето преку ден многу често се претвора во неколку последователни куси дремки, без да се постигне РЕМ фазата.
Математиката е едноставна – ако си легнувате порано, ќе пиете многу помалку алкохол, што е одлично за Вашето здравје и за спиењето. Кога пиете пред спиење, на почетокот, алкохолот ќе Ве направи поспани, но подоцна ќе Ве држи во некоја полузаспана состојба, додека во целост се метаболизира.
Добра вест – не Ви е потребен професионален тренер за да ја достигнете следната фитнес цел. Во една студија на Стенфорд, група спортисти биле подложени на 10 часа сон дневно, во период од 6 недели и се покажало дека нивните резултати во тој период биле на највисоко ниво.