- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Веќе е општо познато дека осум часа сон секоја ноќ е основа за оптимално функционирање на телото. Но, дел од нас имаат проблем со заспивањето, останувањето заспани, несоница итн. За најлесно да се справите со овие и слични проблеми, најдобро е да ги следите навиките на добрите спијачи.
Веќе е општо познато дека осум часа сон секоја ноќ е основа за оптимално функционирање на телото. Но, дел од нас имаат проблем со заспивањето, останувањето заспани, несоница итн. За најлесно да се справите со овие и слични проблеми, најдобро е да ги следите навиките на добрите спијачи.
Ако јадете непосредно пред спиење, може да се случи да се разбудите во текот на ноќта, за да одите во тоалет или уште полошо, да ви се јават мачнини во желудникот, што често можат да ве држат будни до утрото.
Иако можеби звучи нелогично на прв поглед, спиењето сепак може да ви го наруши спиењето. Вашето тело се навикнува на рутини, па оттаму, редовното спиење во идентични или слични интервали е неопходно за добар сон.
За луѓето кои имаат хронични проблеми со заспивањето, читањето книга што ќе ве смири може во голема мера да помогне при заспивањето.
Отсјајот од компјутерските монитори, од телефонските дисплеи и сите други гаџети кои ги користите, го стимулираат мозокот и ве присилуваат да останете будни.
Можеби имате впечаток дека чаша вино пред спиење ќе ви помогне да се опуштите и да заспиете, но всушност, тоа има контраефект, затоа што ги нарушува фазите на спиење и може да предизвика будење или немирно спиење и превртување во текот на ноќта.
Пијалаците, како што се кафе, чај или газирани сокови, па дури и десерти со чоколадо, можат да содржат високи количини кофеин кој ќе ве држи будни. Оваа супстанца е корисна наутро, но избегнувајте да ја внесувате најмалку 6 до 7 часа пред спиење.
Вежбањето ја покачува телесната температура и го подигнува нивото на енергија. Овие две нешта можат да го нарушат циклусот на спиење, затоа избегнувајте вежбање барем неколку часа пред спиење.
Иако сексот може да ве задржи будни подолго од планираното, хемикалијата што се ослободува по оргазмот (окситоцин) ќе ви помогне да спиете како бебе.