- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ако често се соочувате со недостиг од енергија во текот на денот, последно нешто што треба да направите е да посегнете по енергетски пијалак. Наместо тоа, направете неколку едноставни промени во навиките.
Ако често се соочувате со недостиг од енергија во текот на денот, последно нешто што треба да направите е да посегнете по енергетски пијалак. Наместо тоа, направете неколку едноставни промени во навиките.
Утринскиот наплив на светлина испраќа сигнал до мозокот да го разбуди внатрешниот часовник.
Попладневното седење крај прозорец осветлен од сончева светлина приближно 30 минути, го освежува и разбудува мозокот.
Самото пристигнување до точката кога почнувате да чувствувате жед (2,6 проценти пад на нивото на течност во организмот) може двојно да го зголеми чувството на замор.
Можеби Ви звучи лудо, но акупресурата ги зголемува концентрацијата и будноста. Чукнете со свитканите прсти на врвот од черепот неколку пати, притиснете го просторот помеѓу палецот и показалецот или пак измасирајте го темето.
Поголемиот процент масти во ручекот може значително да Ви го влоши расположението и да го зголеми заморот. Наместо вообичаениот ручек, нарачајте печено пилешко месо и салата.
Сите видови чај ја содржат аминокиселината Л-теанин, што придонесува за зголемувањето на концентрацијата и чувството на будност.
Кусите дремки во коишто едвај заспивате, можат да ги зголемат работните перформанси и до 34 проценти - било заклучено во едно истражување на НАСА.
Ако дремката не помогне и сè уште се чувствувате уморно, отидете до тоалетот и измијте си го лицето со студена вода.