КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

8 теми на кои мора да дискутирате пред да имате бебе

Една од најголемите одлуки што треба да ги донесете во животот е имањето дете. Но, пред да се случи тоа, постојат 8 теми на кои мора да дискутирате со партнерот.

Една од најголемите одлуки што треба да ги донесете во животот е имањето дете. Но, пред да се случи тоа, постојат 8 теми на кои мора да дискутирате со партнерот.

1. Потешкотии при зачнување

Вие двајца сте подготвени и сакате да имате бебе, но не можете да останете бремени? Треба да се договорите за сите чекори кои би ги направиле за да станете родители: третмани за плодност, посвојување, сурогат – и да се согласите пред да започнете со обидите.

2. Раѓање

Иако жената е таа што го раѓа бебето, мажот треба да се согласи за методот и треба да постои договор дали сака да биде присутен на чинот или пак тоа е премногу и нешто што не сака да го засведочи.

3. Компликации

Една од работите за кои мора да разговарате пред бременоста е што ќе преземете доколку тестовите кои се прават во текот на бременоста покажат абнормалност на плодот.

4. Колку деца?

Ова прашање се чини многу едноставно, бидејќи отсекогаш сте сакале 3 деца. Но, што ако вашиот партнер не сака повеќе од едно? Веќе не изгледа толку едноставно, нели? Поразговарајте.

5. Поделба на родителските задачи

Секоја мајка очекува нејзиниот партнер да ѝ помага со менување пелени, заспивање на бебето, подготвување на шишенцето со млеко, итн. Но, некои мажи не сметаат дека тоа е дел од нивните задачи. Доколку не го продискутирате ова, тој можеби нема ни да помисли дека прави нешто погрешно.

6. Предизвиците на бременоста и периодот потоа

Периодот на бременоста и непоредно потоа се тешки – и физички и емоционално. Хормоните на жената се збудалени, што ја прави пречувствителна и на моменти ирационална. Тој мора да знае дека тоа воопшто не е нејзина вина и дека мора да ги издржи машки периодите со променливо расположение.

7. Пол

Како ќе се чувствувате ако имате девојче, а отсекогаш сте сакале само момче? Овој разговор е важен, за да бидете сигурни дека двајцата ќе го сакате своето дете, без разлика на полот, бидејќи и онака не можете да влијаете врз тоа.

8. Систем за поддршка

Кој ќе ви помага по раѓањето на бебето? Дали вашите семејства живеат блиску и кој може да дојде да ви помогне кога тоа ќе биде потребно? Кога ќе се соочите со сите потреби на бебето, верувајте дека тоа ќе биде потребно, многу повеќе отколку што сега мислите.