КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Ароматерапија за подобар сон

Нема ништо полошо од тоа да не можете да заспиете. По напорниот ден на работа или со децата, на сите ни се потребни одмор и релаксација. Добриот сон гарантира дека наредниот ден ќе бидете потполно одморени, функционални и продуктивни.

Нема ништо полошо од тоа да не можете да заспиете. По напорниот ден на работа или со децата, на сите ни се потребни одмор и релаксација. Добриот сон гарантира дека наредниот ден ќе бидете потполно одморени, функционални и продуктивни.

За да не се врткате низ постелата со часови, обидете се со ароматерапија. Ароматерапијата во суштина е способноста со користење на есенцијални масла да се подобрат и физичката и психичката благосостојба. Со правилна ароматерапија можете за многу кусо време да го стабилизирате биоритамот и да започнете да заспивате нормално, да спиете квалитетно и да се будите одморени.

Лаванда

Ова е едно од најпопуларните есенцијални масла. Тревката можете да ја растете и во сопствената градина. Се работи за грмушкасто растенија со бледи виолетови листови, што цвета во текот на целото лето. Есенцијалното масло можете да го користите за подготовка на бања или со распрснувач, за да ја раширите аромата низ целата соба.

Камилица

За правење на одличното терапевтско есенцијално масло се користат само цветовите од ова растение. Чајот од камилица се користи за смирување на желудникот, но кога станува збор за ароматерапија, камилицата е најпогодна за оние што страдаат од несоница. Има овошен и малку сладок мирис.

Сандаловина

Овој мирис навистина се добива од сандалово дрво. За да се добие правилниот интензитет на есенцијалното масло, дрвото од коешто се добива мора да биде старо најмалку 40 години, а колку е постаро, толку маслото ќе биде подобро. Ова есенцијално масло е одлично за смирување, намалување на стресот и целосно опуштање. Есенцијалните масла можете да ги користите засебно, но и да правите комбинации од нив (во тој случај ќе Ви биде потребно базно масло – масло во кое ќе ги мешате сите масла). Откако ќе го имате маслото со мирисот што најмногу Ви одговара, одберете метод за разнесување и започнете со активното опуштање и одмарање.