КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како Вашето бебе да спие цела ноќ

Им се случува на сите родители – толку сте уморни што можете да заплачете, но бебето повторно плаче и морате да излезете од под покривачот, за да отидете да го смирите. Секако, не постои магичен лек што може да ја поправи оваа состојба, но можете да влијаете врз навиките на Вашето бебе за ваквите нешта да се случуваат што поретко.

Им се случува на сите родители – толку сте уморни што можете да заплачете, но бебето повторно плаче и морате да излезете од под покривачот, за да отидете да го смирите. Секако, не постои магичен лек што може да ја поправи оваа состојба, но можете да влијаете врз навиките на Вашето бебе за ваквите нешта да се случуваат што поретко. Како што Вашето дете полека расте, охрабрувајте го да заспива само, оставајќи го колевката. Некои совети велат дека треба да излезете од собата штом ќе започне да задремува, но нема ништо погрешно да останете таму додека заспие.

Сѐ зависи од рутината

Бебињата што легнуваат да спијат во приближно еднаков интервал секоја вечер имаат помалку потешкотии да заспијат и да останат заспани во текот на ноќта. За многу брзо време, бебињата се навикнуваат на рутината што ќе им ја наметнете и потоа сами ќе задремуваат во исто време.

Храна

Најлесен начин да го заспиете бебето е да го доите или да му дадете шише додека не задреме. Но, за да спречите расипување на забите или потенцијални инфекции на увото, не му дозволувајте да спие со шишето во уста и не му оставајте шише во креветчето.

Спијте заедно

Доколку Вашето бебе има проблеми со спиењето, размислете да го поставите креветчето веднаш до Вашиот кревет. На овој начин, секогаш кога бебето ќе започне да се буди, ќе можете веднаш да го смирите. Не само што нема сосема да се разбуди (што дополнително ќе го отежни повторното заспивање), туку со тек на време кај него ќе се создаде рутина што и разбудувањето во ноќта од навика ќе премине во случајност. Имајте на ум дека секое бебе е различно. Затоа, разгледајте ги сите опции и видете што најмногу му се допаѓа на Вашето бебе. За кусо време, комбинирајќи ги советите, можете да обезбедите мирен сон и за Вас и за Вашето бебе.