КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Бидете посреќни и послаби - будете се порано!

Следниот пат кога ќе паднете во искушение да го притиснете копчето „снуз“ на будилникот, откажете се од таа намера и едноставно станете од креветот. Истражувањата покажаа дека луѓето кои стануваат порано во просек се послаби...

Следниот пат кога ќе паднете во искушение да го притиснете копчето „снуз“ на будилникот, откажете се од таа намера и едноставно станете од креветот. Истражувањата покажаа дека луѓето кои стануваат порано во просек се послаби, посреќни и поздрави од оние коишто стануваат подоцна во текот на денот. Истражувањето покажа дека најлошо поминуваат ноќните птици, со оглед на тоа што останувањето до доцна во ноќта си го прави своето и нанесува штета и врз здравјето и врз нивото на среќа. Истражувањето било направено на универзитетот Рохемптон, а во него биле опфатени речиси 1.100 мажи и жени. Прашањата се однесувале на здравјето и на навиките на спиење. Приближно 13 проценти од испитаниците биле ранобудни, станувајќи пред 7 часот наутро во текот на работната недела. Тие пријавиле дека не им било потребно дополнително спиење за време на викендот. Ноќните птици кои станувале нешто пред 9 часот во работната недела и спиеле дополнително на викендите сочинуваат уште 6 проценти од испитаниците. Останатите 81 процент се наоѓаат некаде помеѓу. Анализата покажала дека оние што станувале порано имале помалку знаци на депресија и анкциозност. Тие исто така почесто појадувале, нешто што одамна е поврзано со виткоста. Истражувачите заклучиле дека ефектите се мали, и иако во некои професии постојат и предности да бидете човек кој останува буден до доцна, статистички гледано, луѓето кои се будат порано се во подобра положба.  Не се сигурни за причините за ваквата состојба, но една од најверојатните е фактот што луѓето кои си легнуваат подоцна обично спијат полошо од оние кои си легнуваат порано.