- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Попладневните дремки можат да имаат навистина благопријатно дејство врз Вашето здравје. Луѓето кои често си дозволуваат да поспијат во текот на денот тврдат дека тоа влијае многу позитивно...
Попладневните дремки можат да имаат навистина благопријатно дејство врз Вашето здравје. Луѓето кои често си дозволуваат да поспијат во текот на денот тврдат дека тоа влијае многу позитивно, вклучително и: зголемена продуктивност, подобрено расположение и изострување на сетилата.
Но, ова веќе не е прашање на индивидуално мислење – благодетите од попладневните дремки се и научно потврден факт.
Сите истражувања укажуваат на тоа дека попладневната дремка може да го надополни недостигот од сон кој настанува како последица на лошо или недоволно долго спиење во текот на ноќта. Ова особено важи за луѓето кои вообичаено спијат добро, но поради одредени фактори, понекогаш не можат доволно да се наспијат. Концентрацијата кај луѓето кои спијат доволно во текот на ноќта е еднаква како кај луѓето кои спијат помалку, но потоа дремнуваат во текот на денот. Исто така, доколку некогаш треба да останете будни цела ноќ, препорачливо е претходно да дремнете неколку часа, за далеку полесно да се справите со ефектите од неспиењето.
Иако позитивните ефекти од дремките се научно потврдени, во одредени случаи тие ефекти можат да изостанат, а ако сте припадник на двете ризични групи, воопшто не треба да дремнувате, бидејќи тоа може да има и негативни ефекти. Групите за кои станува збор се луѓето кои патат од несоница и оние кои страдаат од депресија.
Спиењето во текот на денот може дополнително да ги влоши ефектите од несоницата, но и да ги засили симптомите на депресијата. Дури и да се одлучите за попладневна дремка, погрижете се таа да не биде подолга од час и половина.
Попладневните дремки со себе носат дефинитивни благопријатни ефекти кои се научно докажани. Тие се ефективни кај најголем дел од луѓето, а имаат потенцијал да бидат штетни по здравјето единствено доколку страдате од несоница или пак депресија.