КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Тест - дали имате проблеми со спиењето

Дали често се чувствувате уморни и покрај тоа што сте спиеле цела ноќ? Можеби се соочувате со сериозно нарушување на спиењето, а не сте свесни за тоа. Одговорете на овој тест и проверете.

Дали често се чувствувате уморни и покрај тоа што сте спиеле цела ноќ? Дали лесно задремувате во автобус или додека гледате телевизија? Можеби се соочувате со сериозно нарушување на спиењето, а не сте свесни за тоа. Одговорете на овој тест и проверете. 1. Ако се разбудите среде ноќ, подобро е да останете в кревет. Точно или не? 2. Луѓето кои работат ноќни смени имаат поголеми шанси за проблеми со спиењето. Точно или не? 3. Колку долго Ви треба да надминете замор од авионско патување помеѓу часовни зони со 8 часа разлика?

  • Еден ден
  • Три дена
  • Пет дена
  • Една недела

4. Ако се разбудите уморни или грчеви во мускулите при легнување, можеби Ви недостига една од следниве хранливи материи. Која?

  • Витамин Ц
  • Витамин Д
  • Железо
  • Калциум

5. Гласното ’рчење може да биде показател за кој од овие проблеми?

  • Повишен крвен притисок
  • Дијабетес
  • Заболување на артериите
  • Сѐ од горенаведеното

6. Проблемите со спиење се почести кај мажите отколку кај жените. Точно или не? 7. Кои се показателите за несоница?

  • Потешкотии при заспивање
  • Често будење во текот на ноќта
  • Станување без чувство на одмореност
  • Сѐ од горенаведеното

Одговори:

1. Не! Доколку лежите в кревет и не можете да заспиете, ќе се исфрустрирате уште повеќе. За ваквите ситуации експертите препорачуваат да станете и да правите нешто: читање, плетење, нешто што не сте довршиле во текот на денот. По некое време, вратете се в кревет и обидете се да заспиете. 2. Да! Студиите потврдија дека честото менување на навиките поврзани со внатрешниот часовник на организмот можат да доведат до намалено внимание, пад во концентрацијата, а на подолг рок и развој на несоница и други проблеми со спиењето. 3. Една недела! За потполно приспособување на биолошкиот часовник на ненадејната промена на времето, потребно е приближно еден ден по часовна зона. 4. Железо! Заморот, како и повремените грчеви и неконтролирани движења на екстремитетите може да се должат на анемија. Можеби треба да земате додаток или пак да намалите со внесот на кофеин. Во секој случај, треба да се консултирате со Вашиот матичен лекар доколку забележите Вакви појави. 5. Сѐ од горенаведеното! Гласното ’рчење е симптом на блокирањето на дишните патишта во грлото, со што се намалува снабдувањето со кислород. Понекогаш се случува и по стотина пати во една ноќ, луѓето што ’рчат да престанат да дишат по десетина секунди. Сево ова предизвикува замор и долгорочно оштетување на кардиоваскуларниот систем. 6. Не! Точно е дека одредени нарушувања поврзани со спиењето се почести кај мажите, но затоа пак други се почести кај жените. Во просек, сите луѓе имаат подеднакво проблеми со спиењето. 7. Сѐ од горенаведеното!Несоницата се манифестира како потешкотија за заспивање или останување заспан – различно кај секој човек. Доколку повеќе од неколку дена имате потешкотии со спиењето, треба да се консултирате со матичниот лекар за да исклучите евентуална медицинска причина за состојбата.