- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Недостатокот на сон е чест проблем со кој сигурно сте се соочиле барем еднаш во животот. Но исто така може да постои и премногу спиење - дури и ако Ви е тешко да поверувате. Премногу спиење се поврзува со многу болести и други здравствени состојби, па затоа погрижете се да не спиете премногу или премалку - туку доволно.
Квантитетот на сонот кој ви е потребен зависи од повеќе фактори. Некои луѓе имаат потреба од помалку спиење за разлика од некои кои потреба од повеќе – но тоа не значи дека нешто не е во ред со нив. Потребата за сон во одредени периоди од нашиот живот е различна; во периодот кога растеме најчесто ни е потребно повеќе да спиеме, а истото важи и кога сме под стрес.
Многу е тешко точно да одредиме колку сон ни е потребно – но генерално треба да се ограничите да спиете онолку колку што ви е потребно за да се чувствувате одлично. И покрај тоа што експертите велат дека постои одредено време до кое треба да се држите, возрасните треба да спијат 7-9 часа секоја ноќ – сè што не е во рамките на ова е или малку или многу.
Постојат многу причини зошто луѓето премногу спијат. Ако чувствувате дека премногу спиете, дека ви е потребно многу да спиете и дека сè уште не сте наспани, иако поминувате многу време во спиење и хоризонтална положба тогаш тоа може да значи дека имате некое нарушување на сонот.
Едно од овие нарушувања е хиперсомнијата, типично за ова нарушување се луѓето кои имаат потреба од повеќе часови спиење, а во текот на денот се постојано уморни и поспани. Ако имате постојана потреба од сон, а исто забележувате дека сте вознемирени, имате проблеми со меморијата и недостаток на енергија, тогаш можеби е време да го посетите докторот.
Sleep apnea can be another reason for an increased need for sleep. This is a disorder where people simply stop breathing for a short while during sleep.. Прекинот во дишењето додека спиете може да биде причина за потребата за повеќе спиење. Ова е нарушување кога луѓето за кратко престануваат да дишат додека спијат. Нормално е дека овој проблем секако ќе го наруши нормалниот ритам на спиење и како резултат на тоа вашето тело има потреба од повеќе часови спиење за да може да се постигне истиот ефект.
Премногу алкохол, лекарства, па дури и некои видови дрога можат да ви ја зголемат потребата за спиење.
Најчестата причина за потребата од премногу сон ја вклучува и депресијата, ако сакате цел ден да го поминете во кревет, но имате и други симптоми тогаш можеби имате проблем со депресијата од модерното време.