- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сите студии и истражувања на циклусот на спиење дојдоа до ист заклучок, кој веќе е општо познат – за здрав живот и правилно функционира треба да спиеме по 7 до 9 часа дневно. Но, кој вели дека тоа спиење треба да биде во една маратонска сесија?
Сите студии и истражувања на циклусот на спиење дојдоа до ист заклучок, кој веќе е општо познат – за здрав живот и правилно функционира треба да спиеме по 7 до 9 часа дневно. Но, кој вели дека тоа спиење треба да биде во една маратонска сесија? Постојат одредени показатели дека исполнувањето на квотата од приближно 8 часа сон, во текот на ноќта, но и во денот, на два или повеќе наврати, може да ги има истите позитивни карактеристики како и непрекинатото спиење. На пример, „брзата дремка“ на работното место (доколку тоа не е во спротивност со правилата на работната организација во која сте вработени), може да даде подеднакво добри резултати за вашите работни перформанси колку и квалитетниот ноќен сон од 8 часа во низа. Овој заклучок станува уште позначаен кога ќе го погледнеме модерниот начин на живот во денешниот хаотичен свет. Речиси без исклучок, сите сме постојано ангажирани со работа, телефонот може да ви заѕвони во кое било време, па така, огромен процент од луѓето со постојано работно место во просек спијат по помалку од 6 часа во текот на ноќта. Можеби попладневните дремки се лекот што ќе го врати нивното здравје во вистинскиот колосек и ќе ја зголеми продуктивноста. Сепак, на краојт сето ова зависи и од индивидуалните потреби. Некои луѓе можат да го разделат спиењето на повеќе помали делови, додека на други им е потребен непрекинат сон од 7 до 9 часа, за да се чувствуваат добро наутро. Пронајдете го рецептот што функционира за вас и добра ноќ.