КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали треба да се откажете од кафе?

Кафето е една од најконтроверзните теми кога станува збор за препораките на докторите во однос на она што е добро за нашето здравје. Ви претставуваме две спротиставени мислења на оваа тема.

Кафето е една од најконтроверзните теми кога станува збор за препораките на докторите во однос на она што е добро за нашето здравје. Ви претставуваме две спротиставени мислења на оваа тема.

Доктор Роб ван Дам – НЕ

За најголемиот дел од нас, кафето не е штетно. Секако, кофеионот може да го повиши крвниот притисок, па доколку страдате од хипертензија, треба да се префрлите на кафе без кофеин. Исто така, кафето може да предизвика потешкотии во спиењето, па доколку се сомневате дека се работи за таков случај, намалете со кафето, особено по ручекот. Во спротивно, не постои причина да престанете да го пиете. Од друга страна, кафето може да го намали ризикот од станување дијабетичар. Истражувањата на оваа тема покажаа дека 3 до 4 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од дијабетес за дури 25 проценти. Луѓето што често пијат кафе имаат за нијанса помал ризик од цироза и рак на црниот дроб.

Доктор Џејмс Д. Лејн – ДА

Врската во истражувањата поврзани со кафе е недоволно објаснета. Во студиите се споредуваат луѓе што пијат кафе, со оние што не пијат. Можно е тие што пијат кафе да имаат некој друг заеднички фактор кој не е испитан. Кофеинот има негативни ефекти врз здравјето, особено кај луѓето кои страдаат од повишен крвен притисок. Истражувањата покажуваат и дека кофеинот ја влошува состојбата на луѓето кои веќе имаат дијабетес. Исто така, кофеинот ве прави поподложни на стрес, понапнати, анксиозни и растреперени, а го пореметува и циклусот на спиење.

Совет

Ако не страдате од дијабетес или хипертензија, пиењето кафе веројатно нема да ви наштети, а можеби дури и ќе ви го подобри здравјето. Иако некои луѓе се почувствителни на кофеин, не постои причина да го намалите внесот, освен ако страдате од несоница или анксиозност, во кој случај би требало да се одлучите за кафе без кофеин. Доколку пак не пиете кафе, не постои причина сега да започнете. Внесете повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки во исхраната за да го намалите ризикот од болести.