КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Зошто е важно вашите деца да имаат постојан ритам на спиење?

Дали вашето дете лошо спие и често се буди? Бессоните ноќи можат да бидат вистински кошмар и за децата и за родителите. Можеби сметате дека сте направиле сè за да му обезбедите добар ритам на спиење на своето дете, но можеби е време повторно да ја разгледате секојдневната рутина.

Дали вашето дете лошо спие и често се буди? Бессоните ноќи можат да бидат вистински кошмар и за децата и за родителите. Можеби сметате дека сте направиле сè за да му обезбедите добар ритам на спиење на своето дете, но можеби е време повторно да ја разгледате секојдневната рутина.

Дали вашето дете има рутина?

Дали вашето дете заспива во приближно истото време секој ден и дали се буди во исто време? Дали заспивањето секогаш е пропратено со одредени ритуали кои му помагаат да заспие? За вас можеби најдобро функционира праксата да заспивате кога сте уморни и да се будите кога ќе се разбудите, но децата го немаат тој механизам, па затоа им е потребна рутината што ќе им даде чувство на безбедност во хаотичниот свет.

Како да создадете рутина за вашето дете?

Рутината не мора да биде здодевна. Никој не вели дека мора да ги правите сите нешта идентично секој ден. Но, важно е да го следите планот од рутината, пропорционално, за вашето дете да стекне чувство дека е време за спиење.

Како најлесно да го подготвите детето за спиење?

1. Кога станува збор за малите бебиња, рутината може да биде менување на пелените, облекување пижами и давање шише со млеко. 2. Кај малку постарите деца, можете да пробате миење на забите, потоа читање приказна или пак пеење песна што им се допаѓа. Ако рутината ја направите интегрален дел од вашиот живот, тогаш многу е веројатно дека детето ќе почне да заспива уште при првите чекори.

Бањање – да или не?

Бањањето може да биде дел од рутината пред спиење, но сепак обидете се да најдете нешто друго. На пример, ако имате работа која бара многу од вас и понекогаш си доаѓате дома подоцна, бањањето може да ви одземе многу време, кое би требало да го посветите на спиење, за вас, но и за детето. Исто така, кај некои деца, секојдневното бањање ја суши кожата и предизвикува иритации. А, ако тоа стане дел од рутината, потоа нема да можете да го прекинете. Од друга страна, некои деца немаат проблем да заспијат по бањање, но други добиваат енергија и можат да останат будни со часови.

Толку многу опции – што да одберете?

Постојат безброј можности за рутина пред спиење. Воопшто не е важно од што ќе се состои таа рутина, туку е важно да се држите до неа. Редовното повторување е она што ја прави ефективна и ќе му обезбеди постојан ритам на спиење на вашето дете.