КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали вашите деца доволно спијат?

Сите знаеме дека кога нема да се наспиеме сме нерасположени, уморни и тешко ни е да се сконцентрираме. Но без разлика на тоа како ние возрасните се чувствуваме, децата се чувствуваат уште полошо кога нема да се наспијат. Можеби не знаете дали вашите деца доволно спијат? Еве некои знаци кои ќе ви помогнат да одлучите.

Наутро тешко се будат

Можеби мислите дека ова е целосно нормално- на крајот на краиштата кој сака да се буди наутро. Секако, постои разлика помеѓу тоа да не ги сакате утрата и да страдате од недостаток на сон. Вистина е дека разликата на прв поглед можеби не е видлива, но треба да биде едноставно за да го откриете проблемот. Пробајте да ги натерате децата порано да си легнат – еден час порано е доволно. Ако забележите дека имаат помалку проблеми при станување наутро значи дека претходно им фалело сон.

Вашите деца имаат лошо однесување

Исто како и возрасните, лошото однесување е често знак на недостаток на сон. Стануваат мрзеливи, вознемирени и нетрпеливи - исто како и вие кога ноќта била многу кратка. Лошото однесување често се интерпретира како некое нарушување – па затоа пред да почнете да правите било какви претпоставки, најпрво пробајте така што тие порано ќе си легнат.

Децата кои спијат доволно се порелаксирани и трпеливи, па затоа потрудете се вашите деца да добијат дополнителен час спиење и на тој начин значително ќе се подобри квалитетот на нивниот живот – а со тоа и вашиот.

Вашите деца се премногу емоционални и чувствителни

Вистина е дека некои деца се почувствителни за разлика од други, но постои можност да го промените тоа со тоа што ќе ги натерате да одат во кревет порано. Тоа е сличен принцип како и со лошото однесување – ако не спиеме доволно, едноставно не се чувствуваме добро и често знаеме да претеруваме со реакциите.

Ако чувствувате дека децата се однесуваат поразлично од порано, тогаш едноставна промена во распоредот може да го смени тоа. Запомнете, не е важен само квантитетот на спиењето, туку и квалитетот.

Вашите деца се премногу активни

Можеби ова нема да ви звучи рационално, но доколку се премногу активни тоа може да значи дека имаат недостаток на сон. Без разлика на фактот дека ние најчесто не се чувствуваме енергично кога сме ненаспани, преголемата активност може да биде начин со кој децата се соочуваат со обврските во текот на денот, поради недостатокот на сон.

Клучот за решавање на овој проблем е истиот – децата треба порано да си легнат – треба да знаете дека тогаш за нив ќе биде потешко да заспијат. Колку се поуморни, толку побудни ќе бидат – а штом влезат во тој магичен круг после ќе биде тешко да излезат.

Имаат проблеми на училиште

Сите ги имаме нашите слабости и сили, па затоа е целосно разбирливо и природно дека тие во некој предмет ќе бидат подобри, а во некој полоши. Но ако вашите деца имаат проблем со сите предмети и вие имате чувство дека тие всушност не знаат што точно се случува на училиште, тогаш можеби е време да го откриете проблемот.

Недостатокот на интерес за училиштето може да биде резултат на слаба концентрација, а проблемите поврзани со концентрацијата најчесто потекнуваат поради недостатокот на сон. пред да започнете да претпоставувате дека им треба помош со домашната работа, прво проверете дали им е потребен сон – може да се изненадите кога ќе видите како некои работи може да се променат.

Вашите деца имаат проблем да останат будни во текот на целиот ден

Ова е очигледен знак дека на вашето дете му треба повеќе сон, но за жал најчесто не се забележува. Обрнете внимание дали понекогаш вашите деца имаат проблем да останат будни во текот на целиот ден, но не се фокусирајте само на очигледните знаци. Дали вашите деца заспиваат додека се возите во автомобилот, додека гледаат ТВ или пак читаат? Ова се јасни знаци дека на вашето дете му е потребно повеќе сон.

Секако дека дремките во текот на денот можеби не се најдобриот начин за да се справите со проблемот. Ако вашите деца се многу мали секако дека дремките во текот на денот се одлично решение, но за повозрасните можеби ќе биде подобро да спијат цела вечер без прекинувања, за да не мора да спијат во текот на денот.