КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Депресијата се должи на лошата исхрана

Во моментов, преку 150 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Во најголем процент од случаите, депресијата се должи на лошата исхрана.

Во моментов, преку 150 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Во најголем процент од случаите, депресијата се должи на лошата исхрана.

Редовната исхрана со храна која е богата со заситени и незаситени масти може да го зголеми ризикот од депресија за речиси 50%. До ваков резултат дошле истражувачите во една студија направена во Шпанија.

Брзата храна и порано се поврзуваше со зголемениот ризик од појава на депресија, но сега е потврдено дека редовното конзумирање на маслиново масло (кое содржи здрави омега-9 масти) е директно поврзано со намалување на ризикот од појава на депресија.

Ова обемно медицинско истражување траело шест години и во него се документирале навиките на исхрана и животниот стил на повеќе од 12 илјади испитаници.

Она што од заклучоците е добро за нас е фактот што жителите на Европа во просек внесуваат само 0,4 проценти од вкупниот број калории преку заситените масти, додека во САД на пример, процентот изнесува 2,5. Овој факт дополнително ги поткрепува наодите од истражувањето бидејќи процентот на луѓе кои страдаат од клиничка депресија во САД е многу поголем отколку во Европа.