КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да направите дезинфекција на домот?

Поради глобалната пандемија моравме одново да го осмислиме начинот на кој живееме. Го сменивме начинот на кој се храниме, работиме, и живееме – сето ова од нашите домови. Ова се неколку совети и трикови за тоа како твојот дом да биде безбедна, пријатна и смирена средина.

Не можеме да го споредиме нашиот живот изминатите неколку месеци со ништо што досега сме го искусиле. Наместо „Имајте убав ден“ и „Се гледаме наскоро“, почнавме да кажуваме „Останете здрави“, „Чувајте се“, „Седете дома!“

Си помислил ли некогаш дека, сега како возрасен, одново ќе почнеш да учиш како правилно да ги миеш и дезинфицираш рацете? Сигурно не.

Не користи средства за дезинфекција на производи кое ќе ги консумираш

Без оглед на тоа дали пазариш сам или пак користиш достава на производи, твојата рутина на пазарување сигурно е променета. Кога се враќаш дома, или кога ги преземаш производите од доставната служба, се препорачува да користиш средство за дезинфекција на раце или да ги миеш рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Не е неопходно, но исто така можеш и пакувањата да ги пребришеш со марамче за дезинфекција. Дефинитивно не треба да користиш средство за дезинфекција на нешто кое вушност ќе го консумираш – овошјето и зеленчукот треба убаво да се измијат со чиста вода. Тоа треба да е дел од твојата нова домашна рутина

Наместо да користиш силни хемикалии, одлучи се за еколошки средства за чистење

Додека чистиш дома, најверојатно, не го правиш тоа доволно агресивно. Ова сигурно не значи дека треба да го запалиш домот или да го натопиш во силни средства за чистење. Имај во предвид дека сите ние треба да бидеме здрави, а истото и е потребно и на нашата планета. Наместо да користиш штетни хемикалии, одбери еколошки производи за чистење. Нашиот избор е бренд кој произведува средства за чистење на различни површини. Овие средства се направени од природни состојки кои ефикасно ги отстрануваат дамките од маснотии, нечистотиите и непријатните мириси. Пробиотиците кои се составен дел од овие средства го штитат твојот дом од патогените бактерии. Тие се без хемикалии, не се штетни за твоето здравје ниту за животната околина.

А кое е твоето мислење околу седењето на кревет со нечисти фармерки? Можеш ли сѐ уште да го фрлиш ранецот или ташната на трпезариската маса или на креветот без да си ги замислиш сите бактерии кои излегуваат од нив? Или пак да се прошеташ низ станот со чевли? Да бидеме искрени, ништо од ова не беше добра одлука ниту пред појавата на Корона вирусот. Чевлите и јакните треба да се остават во ходникот.

Чаршафите се перат почесто отколку што мислиш

Многу експерти препорачуваат чаршафите да се перат секоја недела или пак на две недели, затоа што тие ја впиваат целата наша пот, маснотиите кои телото ги испушта, плунката и мртвите клетки од кожата. Сигурно не сакаш да спиеш во сето тоа.

Кога последен пат го промени душекот?

Експертите велат: Правете го тоа на секои 7 години! Ако не сакаш да инвестираш во нов душек веднаш, подобри го стариот со додавање на над-душек, производ од мемори пена во навлака која се пере. На овој начин ќе заштедиш пари и ќе го обновиш стариот душек.

Пешкирите во бањата треба да се користат 3-4 пати и потоа да се исперат, но само доколку имаш закачалка на која би можеле да се сушат додека ги користиш. Стоматолозите пак препорачуваат да ги менуваме четките за заби за секои три до четири месеци!

Како длабински да го исчистиш домот? Со правосмукалка и чистач на пареа!

Можеш и да уживаш во чистењето дури и ако го мразиш. Ние го обожаваме Rovus Nano Чистачот на подови кој ја користи иновативната Nano технологија за чистење на домот. Овој чистач создава постојана пареа под висок притисок, со Nano честички и квалитетни негативни јони. Со него можеш да го исчистиш подот, ѕидовите, мебелот, прозорците и многу друго. И тежи само 1400гр, така што нема потреба од кревање на голема тежина!

Исто така, ти нудиме и ефикасна правосмукалка со пристојна цена од Rovus. Нејзиното име е Storm Vac Rovus и се трансформира од вертикална правосмукалка во рачна со само еден потег. Со неа не ти се потребни ќеси за нечистотии, затоа што има вграден контејнер кој едносавно се мие под млаз вода. А го имаме и џогор со систем за распрснување, Spray Mop Rovus, кој е исто така, неверојатно ефикасен. Неговата глава ротира 360 степени, што е навистина практично.

Запомни: Најди го балансот помеѓу тоа да бидеш безбеден и да бидеш исплашен

Во оваа време, кога преиспитуваме сѐ што сме мислеле дека го знаеме, не смееме да заборавиме едно нешто – има разлика помеѓу тоа да бидеш безбеден, да бидеш исплашен или едноставо сѐ да игнорираш. Значи, најважно од сѐ е да најдеш баланс и да го користиш здравиот разум.

За среќа еден од најголемите дарби кои човекот ги има е брзо да се прилагодува на новонастанатите ситуации. Најчесто се буниме и коментираме за сите предизвици со кои се соочуваме, барем на почетокот, но потоа наоѓаме решение и успеваме. Исто така, способни сме секојдневно да учиме нови работи. Тогаш зошто да не го направиме тоа?

Целта е да почнеме секојдневно да ги правиме овие работи, но да не се нервираме поради нив. На сите животни промени им е потребно време и токму тоа ни се случува. Нашето секојдневие се менува, но не мора да значи дека тоа е нешто лошо. И кога ќе дојде време да се вратиме во„нормала“, да се обидеме да ги задржиме новите рутини кои ни ги направија домовите и животите попријатни.