- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Општо е познато дека добриот сон игра клучна улога за одморот, концентрацијата, продуктивноста... Но, како да се наспиете кога имате здравствени проблеми? Прочитајте ги советите од медицинските стручњаци, поврзани со дел од најчестите состојби.
Општо е познато дека добриот сон игра клучна улога за одморот, концентрацијата, продуктивноста... Но, како да се наспиете кога имате здравствени проблеми? Прочитајте ги советите од медицинските стручњаци, поврзани со дел од најчестите состојби.
Кога преградата помеѓу хранопроводот и желудникот не функционира правилно, доаѓа до ослободување гасови низ хранопроводот. За да се справите со овој проблем и да можете да се наспиете, малку подигнете ја главата, без разлика во која положба спиете. Најдоброто решение е да си купите малку повисока перница што трајно ќе ја заврши работата место Вас.
’Рбетот е природно свиткан, па доколку имате лошо држење на телото, спиењето на грб, со целосно исправени нозе дополнително ги оптоварува мускулите и лигаментите и го прави спиењето непријатно, а во некои случаи дури и невозможно. Ако имате проблеми со држењето на телото, експертите препорачуваат да спиете свртени странично, на средно висока перница.
Без разлика дали Вие ’рчите или партнерот со своето ’рчење не Ви дозволува да заспиете, се работи за многу сериозен проблем. Тоа настанува кога мускулите во грлото премногу се опуштаат, при што јазикот се враќа наназад и го стеснува протокот на воздух. Прв чекор за решавање на овој проблем е спиењето на ниска анатомска перница или (доколку можете) без перница, по можност на стомак.
Ако често се будите со чувство на болка во вратот, легнете на грбот со свиткана крпа под плешките, под прав агол со телото. Кај сите луѓе што страдаат од болки во вратот, препорачливо е телото да се доведе во удобна положба, со што ќе им се овозможи на мускулите во вратот да се релаксираат. За трајно решавање на овој проблем, купете си перница од мемори пена што ќе се прилагоди на обликот на вратот и ќе му обезбеди трајна потпора.
Според најновите истражувања, приближно 80 проценти од сите луѓе во некој дел од својот живот страдаат од болки во грбот. Без разлика што е причината за болката, таа го попречува квалитетниот сон. Доколку се соочувате со ваков проблем, најлошо е да спиете на стомак, а најдобро ако можете да спиете странично. Исто така, поставувањето перница помеѓу нозете може да намали дел од тензијата.