КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Добриот и мирен сон започнува со добар душек

Придобивките од добриот сон се неверојатни. Откако добро ќе се наспиете, наутро сте полни со енергија и подготвени да се соочите со сите предизвици во новиот ден. Но ако се будите уморни и со болки во грбот, тогаш е време да го замените душекот.

Ако не сте сигурни каков душек да купите – класичен, со метални пружини или мемори пена, не грижете се. Повеќе не треба да се двоумите затоа што Дормео Air душекот го нудат најдоброто од двата света.

Неговото јадро е направено од револуционерните Октаспринг пружини од мемори пена, најголемата иновација во последните 20 години.

3Д приспособливост

Името Октаспринг® доаѓа од пружините со пена, кои имаат осум страни. Тоа е она што ги прави 3Д приспособливи. Пружините се движат независно во сите насоки и поради таа карактеристика целосно се прилагодуваат на движењата на телото.

Без разлика на тоа во која положба спиете, движењето не се пренесува на другиот дел од душекот, па вие мирно ќе спиете и нема да го чувствувате движењето на вашиот партнер и добро ќе се одморите.

Овој душек целосно се приспособува на вашето тело и не создава повратен притисок, што е карактеристично за душеците со метални пружини. Тоа ви нуди поголема удобност и мирен сон без да се будите и превртувате во текот на ноќта.

Одлична проветреност

Структурата на пружините е во форма на пчелино саќе, па затоа има постојана циркулација на воздух за единствено чувство на свежина, заедно со чувство на удобност. Страничната ткаенина која наликува на мрежа нуди дополнителна проветреност, па затоа не е чудно што Дормео Air душекот е шест пати повеќе проветрен во однос на традиционалните душеци од пена или мемори пена.

Максимална удобност

Душекот има три слоја. Долниот слој е помек, а горниот е поцврст па вие ќе може да одберете дали сакате да спиете на помеката или поцврстата страна. Средниот слој е направен од 163 пружини од пена со висина од 3 или 5 сантиметри. Пружините се наредени на тој начин што нудат максимална поддршка на различни делови од телото.

Горната и долната зона за поддршка се помеки за да им ја дадат потребната поддршка на главата, рамената и нозете, додека средната зона е поцврста и нуди поголема поддршка на колковите и долниот дел од грбот. На тој начин вашиот ‘рбет е во идеална положба, а положбата во која спиете не е воопшто важна.

Разбудете се наспани

Навлаката на вашиот Дормео Dormeo има антибактериска и хипоалергена заштита и е идеална за лица кои страдаат од астма или пак алергии.