- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ортопедските душеци станаа многу популарни откако начинот на живот стана стресен и динамичен, а времето за спиење кратко. Секако, ова не е случајност. Удобноста и здравствените придобивки кои тие ги нудат се незаменливи.
Ортопедските душеци станаа многу популарни откако начинот на живот стана стресен и динамичен, а времето за спиење кратко. Секако, ова не е случајност. Удобноста и здравствените придобивки кои тие ги нудат се незаменливи.
Во основа, тие се дизајнирани на таков начин за да се прилагодат на контурите на телото и да овозможат стабилна поддршка на грбот, вратот и зглобовите. Тој едноставен факт е она што ги прави толку посебни и различни од обичните душеци. Бидејќи го подобруваат спиењето, тие исто така го подобруваат и квалитетот на животот.
Но да бидеме поконкретни! Формата на човечкиот ‘рбет наликува на буквата „S“. За да ни биде удобно додека спиеме, да имаме помирен сон и да се разбудиме наспани, без болки и вкочанетост, на нашето тело му е потреба соодветна поддршка во текот на ноќта. Обичните душеци не можат да ни го овозможат тоа. Ќе знаете дека имате таков душек доколку се будите често во текот на ноќта да ја смените положбата на спиење, бидејќи не ви е удобно.
Со ортопедските душеци, ситуацијата е сосема спротивна - вие чувствувате дека површината на која што спиете совршено одговара на вашето тело, се релаксирате и заспивате, без да се превртувате во текот на ноќта. Некои луѓе велат дека е исто како да спиете на облаци.
Дизајнот на ортопедскиот душек е целосно различен од дизајнот на традиционалните душеци. Нивната структура е направена врз основа на специјални микро-капсули или пружини, како и мемори пена или латекс. Најчесто се комбинираат повеќе материјали во еден модел. Но најважната работа е тоа што секој од нив совршено се прилагодува на формата и тежината на телото. И уште подобро – тие ги следат контурите и движењата на телото, независно од тоа во која положба спиете. На тој начин ви овозможуваат моментално ослободување од болката во зглобовите.
Не постојат други фактори кои можат да ја сменат формата на ортопедскиот душек! Тие нудат стабилност и удобност во текот на ноќта и се одличен избор ако го делите креветот со вашиот партнер. Дури и ако тој/таа станува во текот на ноќта вие нема да го почувствувате тоа.
Најдобро е тоа што ортопедските душеци се соодветни за сите, бидејќи можат да се прилагодат на сите форми. Секако, тие се специјално дизајнирани за луѓе кои се будат со вкочанет врат и рамена како и болки во грбот.
Ако вие го имате истиот проблем тогаш дефинитивно треба да размислите за ваков душек, со цел да имате поудобна средина за спиење - ортопедска средина за спиење.