КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Добриот сон штити од кошмари

Важноста на редовното и квалитетно спиење е неоспорна. Добриот сон од 8 часа ќе ја спречи појавата на кошмарите, а нередовното и неквалитетно спиење ќе Ви го зголеми ризикот од покачен крвен притисок.

Добриот сон штити од кошмари – лошиот сон предизвикува хипертензија

Важноста на редовното и квалитетно спиење е неоспорна. Добриот сон од 8 часа ќе ја спречи појавата на кошмарите, а нередовното и неквалитетно спиење ќе Ви го зголеми ризикот од покачен крвен притисок. Сонот е клучен дел од живеењето, процес кој треба да послужи како ослободување од стресот по напорните денови и да го подготви телото за новите предизвици во следниот ден. Едно научно истражување покажло дека квалитетниот сон е од витално значење за добриот развој на меморијата и отстранувањето на непријатните спомени. Во истражувањето учествувале 122 жени на возраст помеѓу 18 и 32 години. Половината од нив гледале видео за безбедно возење, а половина видео со сообраќајни несреќи. На жените од втората група им било овозможено квалитетно спиење од најмалку осум часа во текот на две недели. На крајот било откриено дека спиењето од најмалку осум часа ги отстранува кошмарите и лошите спомени.  Сепак, научниците велат дека препорачливо е пред спиење да не гледате хорор-филмови и сцени со насилство. Од друга страна, според едно друго истражување, нарушувањето на сонот и нередовното спиење се поврзува со зголемен крвен притисок (хипертензија) и потешкотии при лечењето на оваа состојба. Крвниот притисок варира во текот на денот, но се снижува за време на спиењето. Повторно се враќа на нормалното ниво неколку минути пред спиењето. Недостигот на сон или лошото спиење (пред сѐ прекините во дишењето што можат да траат и до една минута), можат да ја поттикнат појавата на хипертензија или доколку е веќе е дијагностицирана, да го отежнат лекувањето, со тоа што ќе предизвикаат отпорност на лекарства. Ризикот од хипертензија е три пати поголем кај лицата кои имаат потешкотии при спиењето.