- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Зимата дојде и е многу ладно. Сепак, грижете се – ние имаме одлични идеи како да ви биде топло и да уживате во одличните моменти со вашата подобра половина. Зимата е создадена за уживање во домот, па затоа подгответе се да ги зачините долгите зимски ноќи со овие едноставни совети!
Зимата дојде и е многу ладно. Сепак, грижете се – ние имаме одлични идеи како да ви биде топло и да уживате во одличните моменти со вашата подобра половина. Зимата е создадена за уживање во домот, па затоа подгответе се да ги зачините долгите зимски ноќи со овие едноставни совети!
Дали знаете што е најдоброто нешто кога ви студи? Да запалите оган! Очигледно е дека не препорачуваме да одите надвор и да запалите оган – но каминот во вашата дневна соба е совршено решение и романтична идеа да ги зачините зимските ноќи.
Немате камин? Не грижете се. Земете многу свеќи, запалете ги и поставете ги низ целата дневна или спална соба во која сакате да се забавувате. Секако дека свеќите нема да ја стоплат собата но ќе ви помогнат да уживате.
Ако го послушавте нашиот совет да запалите свеќи низ целата соба, ние имаме дополнителна идеа која ќе ви помогне да поминете незаборавна вечер – но бидете внимателни. Сигурни сме дека не сакате вечерта да ја претворите во нешто што ќе биде полноќно патување до итната помош.
Користете свеќи кои гореле подолго време и истурете жежок восок на телото на вашиот партнер. Ова ќе ви овозможи неверојатно чувство и ќе ја зголеми чувствителноста на телото, па затоа ќе биде незаборавно искуство. Избегнете ги најчувствителните делови на телото и нанесете само мала количина од поголемо растојание, за восокот да може да се излади додека капне на телото.
Секси масажите се секогаш одлична идеа – но тоа не е она што го мислевме. Ние мислиме на жешка масажа, во буквална смисла на зборот и ќе ви помогне да се стоплите во оние ладни зимски ноќи.
Најпрво ви треба шише со жешко масло за масажа. Затворете го шишето и ставете го во жешка вода. Оставете го најмалку 5 минути, потоа тестирајте ја температурата во вашата дланка. Не треба да е премногу жешко, ниту пак ладно – потоа знаете што следува нели?
Уживањето во долга, топла бања е секогаш добра идеа кога надвор е многу ладно, но не дозволувајте да ви биде здодевно и да читате разни списанија и книги. Ние имаме идеа како времето во бањата да биде најдобриот момент во целиот ден.
Наполнете ја кадата со топла вода и направете меурчиња и потоа кажете му на вашиот партнер да ви се придружи. Кога водата ќе стане ладна, само додадете жешка вода и ако подобро размислите не мора да ја напуштите кадата се додека не дојде пролет.
Сигурно сте пробале само не знаете. Во секој случај, оваа зима е совршено време да се запознаете подобро со оваа вежба и да завладеете со неа. И да ако се прашувате тоа е секс и вежбање во исто време.
Сексот е всушност вежба, но се зависи од тоа како го правите. Ако само лежете и оставите некој друг да прави сè што треба , тогаш сигурно нема да потрошите доволно калории за тоа да биде вежба. Но ако го сфатите тоа доста сериозно тогаш менувајте положби и сексот ќе биде подобар од било која друга вежба. Стоплете се, потрошете калории и забавувајте се – тоа е одлична идеа.
Кога е многу ладно и темно, нема ништо подобро од гушкање под топло, дебело ќебе. Но проблемот е дека може да ви биде здодевно ако сте сами по ќебето, па затоа најпаметно ќе биде да имате некој со вас.
Гушнете се со подобрата половина и забавувајте се. Темно е, удобно и топло, па една работа ќе води кон друга. Сакате предизвик? Не дозволувајте да го тргнете ќебето, може да биде интересно кога ќе ви стане топло!