- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Денес е трета најпрофитабилна дејност во светот што бара многу откажувања и врвни знаења и инвестиции, но и усогласувања на социо-психолошкиот аспект со антрополошките димензии на спортот. Системски набљудувано, да се создаде врвен спортист е тежок и долготраен процес, земајќи в предвид дека секое младо дете носи со себе одредена култура, социјален амбиент, семејство, образование и други детерминирачки животни околности и физички предиспозиции. А додека тоа дете стане играч со голем потенцијал и продуктивна ориентација, треба многу труд, работа, упорност и многу залагање.
Но, денес е веќе и многу познато дека голем придонес за врвни спортски успеси и постигнувањa е здравиот и квалитетен сон. Затоа Дормео, како експерт за добар сон, е секогаш тука да овозможи удобност во спиењето, a со тоа да ги зајакне капацитетите за развој на спортски вештини, поттикнувајќи залагање и промовирајќи ги придобивките од здравиот сон кои водат до врвни спортски достигнувања.
Во најновата иницијатива, Дормео одлучи да се посвети на јакнење на капацитетите на атлетите од Специјалната Олимпијада со донација што ќе ја оствари заедно со своите купувачи. Имено, со секое купување на Дормео душек во периодот од 10 јуни до 30 јуни Дормео ќе донира по 500 денари за обезбедување Дормео производи за атлетите на Специјалната Олимпијада.
„Се надевам дека со собраните средства ќе успееме да донираме многу Дормео производи што ќе ги намениме за атлетите од Специјалната Олимпијада. Дополнително, работиме на промоција и афирмација на оваа убава кампања, како би засегнале што е можно повеќе поддржувачи на нашата мисија. Им благодариме на тимот и на атлетите од Специјалната Олимпијада што ни дозволија да ги поддржиме и да бидеме дел од нивната успешна приказна. Во исто време им благодариме за сите моменти што ги живеевме заедно, за сите победи, квалификации, првенства и моменти на вистинска радост што и ги приредија на оваа нација“ - изјави Маја Димитриевска, Дормео Бренд Менаџер за Македонија и Бугарија.
Дормео ја иницираше оваа акција инспириран од страста и борбата на атлетите за култивирање на победнички менталитет, за тоа што мотивираат, инспирираат, поттикнуваат и создаваат амбиент за напредок и силна верба во развој на позитивни практики во различни сфери од животот.