- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Кога некој ќе спомне попладневна дремка, тоа веднаш добива негативна конотација, зашто „вистинските луѓе работат цел ден“. Но, последните истражувања покажале дека здравствените придобивки од кусите дремки се големи.
Кога некој ќе спомне попладневна дремка, тоа веднаш добива негативна конотација, зашто „вистинските луѓе работат цел ден“. Но, последните истражувања покажале дека здравствените придобивки од кусите дремки се големи.
Здравствените студии покажа дека кусата дремка го подобрува расположението, здравјето, а што е најважно, ја зголемува продуктивноста. Дремките се особено добредојдени кога не сте доволно наспани во текот на ноќта.
За целосно да ги искористите благодетите од кусата дремка, треба да ги следите овие препораки:
За да не го нарушите внатрешниот часовник и ритамот на спиење, следете ги ограничувањата за пладневна дремка. За квалитетно да се одморите потребни се до 20 минути дремка, затоа што за толку кусо време не можете цврсто да заспиете.
Совршен миг за пладневна дремка е 12 часа по половина ноќ одмор. За најголем дел од луѓето тоа е 15 часот. Но, мора да запомните дека секој човек има сопствен внатрешен часовник.
Ако сте изморени, исклучете го телевизорот и легнете си. Доколку не направите така, подоцна ќе имате проблеми да заспиете, а утрото ќе станете со уште поголеми потешкотии.
Создадете си рутина за пладневни дремки. Затворете ја вратата, направете едноставни вежби за растегнување, пуштете тивка музика и исклучете го светлото. Со текот на времето оваа рутина ќе го приготви телото за одмор.
Не мора да заспиете за да се одморите квалитетно. Лежењето и одмарањето сами по себе носат благопријатни ефекти, слични на оние од сонот.
Дури и најкусиот одмор ќе направи да се чувствувате како да сте спиеле многу подолго.
Ако дремнувате преку ден, но потоа имате потешкотии да заспиете навечер, скусете го времето на дремката, а доколку ништо друго не помага, тогаш сосема откажете се од неа.