КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Водич за купување душеци за покрупни луѓе

Врз основа на истражувања направени со најразлични душеци, ние веруваме дека тие ќе им одговараат на сите, па дури и на крупните луѓе со поголема телесна тежина.

Што треба да знаете

1. Врз основа на истражувања направени со најразлични душеци, ние веруваме дека тие ќе им одговараат на сите, па дури и на крупните луѓе со поголема телесна тежина.

2. Истражувањето покажа дека тешките и крупни луѓе обрнуваат повеќе внимание на висината на душекот поради тоа што таа може многу да влијае на удобноста на корисникот. (подолу видете ги резултатите).

3. Ако сте лица со телесна тежина над 200 кг. или ако вие и вашиот партнер имате вкупна телесна тежина од над 340 кг. може да ви биде тешко да најдете соодветен производ, бидејќи производителите на душеците често велат дека тоа е нивната граница кога станува збор за тежината на корисникот.

Многу е важно душекот да има соодветна висина

Душеците се достапни во повеќе висини, како што се 15, 20, 23, 25 па дури и 27 см. Информациите кои се собрани од искуствата на купувачите  потврдуваат дека висината на душекот зависи од тежината на лицето. Поголема тежина, повисок душек. Да бидеме поконкретни, делот од душекот кој ја дава поддршката (без разлика дали се пружини, пена или латекс) треба да има најмалку 15 см висина, а тоа е и најчестата висина кај поголем дел од душеците.

Доколку спиете на душек кој е премногу тенок во однос на тежината на лицето, може да дојде до преголема цврстина и недостаток на удобност, посебно за лица кои спијат на страна. Секако доколку сакате поцврст душек тоа ќе ви одговара.

Табелата подолу го покажува нивото на задоволство на купувачите од душеци со различна дебелина, врз основа на нивната тежина.

Задоволство од висината на душекот кај лица со телесна тежина од 90-113 кг.

Како што покажува табелата лицата со телесна тежина од 90-113 кг се најчесто се задоволни со душек кој има висина од 23см, 25 см или 27 см. Тоа значи дека ако тие лица купат душек со висина  помала од 20см може да згрешат во изборот и тоа да бидат залудно потрошени пари.

Задоволство од висината на душекот кај лица со телесна тежина од 113-136 кг.

Како што може да се забележи од горната табела поединците со телесна тежина од 113-136 кг не треба да купат душек кој има помала висина од 23 см.

Задоволство од висината на душекот кај лица со телесна тежина од 136-181 кг.

Како што може да се забележи од табелата поединци со телесна тежина од 136-181 кг не треба да купуваат душеци кои се пониски од 25 см.

Задоволство од висината на душекот кај лица со телесна тежина од 181-204 кг.

Како што може да забележите од табелата лицата со телесна тежина над 181 кг треба да го купат највисокиот душек на пазарот.

Оптимална висина за крупни лица

Мемори пена

Соодветна за крупни лица, резултат: 82 од 100

Од собраните податоци од искуството на сопствениците се гледа дека душеците со мемори пена може да им одговараат на потешките лица. Мемори пената, посебно онаа со поголема густина е чувствителна на притисок и тежина. Ова значи дека колку е потешко лицето, толку поголема поддршка ќе добие од душекот. Удобноста, ослободување од болките и намалување на точките на притисок  се резултат на добрата поддршка.

Од друга страна пак, колку е потешко лицето толку повеќе ќе пропадне во пената и станувањето и мрдањето во креветот ќе бидат потешки, посебно кога мемори пената има поголема густина. Пропаѓањето во душекот исто така ќе влијае на задржувањето на топлината.

Потешките лица треба да одберат душек со мемори пена кој има поддршка со висина од најмалку 18 см и целосна висина на душекот од 23 см или повеќе.

Латекс

Соодветни за крупни лица, резултат: 80 од 100

Душеците направени од латекс имаат поголема густина и се цврсти и долготрајни. Ова може да им овозможи на покрупните лица да имаат понизок душек со латекс без да ја изгубат удобноста. Секако, познато е дека душеците од латекс пропаѓаат и на нивната површина се појавуваат контурите на телото, а поголема е веројатноста дека крупните лица повеќе ќе го притиснат душекот. Поради тоа ќе им биде тешко да се движат или пак да стануваат.

Воздушни душеци

Соодветни за крупни лица, резултат: 77 од 100

Од собраните податоци од искуството на купувачите се покажува дека употребата на воздушни душеци им дава поддршка на крупните лица.

Душеци на вода

Соодветно за крупни лица, резултат: 73 од 100

Искуството на купувачите покажува дека издржливоста на конструкцијата е многу поважна отколку висината на душекот на вода. Ова значи дека потешките лица треба да ги избегнуваат евтините душеци на вода кои немаат сила и издржливост.

Пружини

Соодветно за крупни лица,резултат: 71 од 100

Душеците со пружини се најниско рангираните душеци бидејќи како група на душеци веројатноста дека ќе пропаднат е 2-3 пати поголема за разлика од другите душеци, па тогаш спиењето нема да биде удобно и ќе предизвикува болка. Исто така за разлика од послабите лица, крупните лица се жалат на звуци кои доаѓаат од пружините на душекот. Потешките лица треба да купат душеци од пена кои нудат поголема поддршка.

Футон – јапонски душек

Соодветни за крупни лица, резултат: 66 од 100

Јапонските душеците не се соодветни за крупни и потешки лица (посебно за оние кои спијат на страна), бидејќи често им недостасува соодветната цврстина. Доколку потешка личност сака поцврст душек, тогаш можеби овој тип на душек би им одговарал. Исто така рамките на овие душеци не се доволно цврсти за да им дадат соодветна поддршка на лица со телесна тежина над 100 кг.