КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Едноставни чекори до подобро расположение

Понекогаш се случува да дојде до пад на мотивацијата, до напластување на негативна енергија, што доведува до лошо расоложение. За да го подобрите расположението, обидете се со некој од овие едноставни чекори.

Понекогаш се случува да дојде до пад на мотивацијата, до напластување на негативна енергија, што доведува до лошо расоложение. За да го подобрите расположението, обидете се со некој од овие едноставни чекори.

Разбистрете се  

Исфрлете ги негативните емоции од себе на здрав начин, зборувајќи со пријател или пишувајќи дневник. Здравото изразување на чувствата може да Ви помогне да пронајдете нова перспектива на негативната или тешка ситуација и со тоа да си го подобрите расположението.

Каснете храна што го подобрува расположението

Ореви, лосос, леќа, овес – ова се само дел од прехранбените производи што инстантно го подобруваат расположението и помагаат во борбата против депресијата. Само малку променете го менито оваа недела и вклучете ги овие вкусни и здрави јадења.

Вежбајте

Кога го забрзувате метаболизмот, заедно со потта, од Вашиот организам излегува и стресот и негативните емоции. Вежбањето ослободува ендорфини, коишто директно го подобруваат расположението.

Добро наспијте се

Недоволното спиење предизвика иритација и екстремен замор во текот на целиот ден. За да се чувствувате подобро, мора добро да се наспиете.

Фокусирајте се на позитивното

Ова можеби Ви звучи како клише, но факт е дека ако се фокусирате на позитивните нешта многу полесно ќе можете да ја победите депресијата. Ова не значи дека треба да станете непоправлив оптимист, доволно е понекогаш да се погледне позитивната страна на нештата.

Излезете на сонце

Витаминот Д се создава кога кожата Ви е изложена на сончева светлина, а токму тој витамин е клучен за регулација на расположението.

Излезете на воздух

Повеќе кислород во мозокот може значително да помогне за разбистрување на умот, фокусирање и намалување на стресот. Една куса прошетка низ природа или парк многу ќе Ви помогне доколку сте нерасположени.

Внимавајте на исхраната

Покрај тоа што треба да внесувате храна што го подобрува расположението, треба да внимавате да не испуштате оброци и да дозволите да дојде до прегладнување, зашто тоа ќе предизвика пад на нивото на шеќер во крвта, што пак може да доведе до иритација, влошено расположение и замор.