КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Едноставни чекори за повеќе енергија

Доколку често се соочувате со недостиг на енергија, треба да преземете неколку едноставни чекори со коишто значително ќе си го подобрите енергетското ниво во текот на денот.

Доколку често се соочувате со недостиг на енергија, треба да преземете неколку едноставни чекори со коишто значително ќе си го подобрите енергетското ниво во текот на денот.

Пуштете го сонцето во собата и растегнете се

Изложеноста на силна светлина го стимулира мозокот да престане да излачува мелатонин (хормонот кој ја поттикнува поспаноста). Исто така, светлината го префрла мозокот од фазата на спиење во дневната фаза и служи како природен регулатор за биолошкиот часовник. Првата физичка активност во денот помага да се зголеми протокот на крв и да се нормализира телесната температура.

Раздвижете се

Утринските тренинзи го поттикнуваат излачувањето на ендорфините што го подигнуваат расположението и истовремено го намалуваат нивото на стрес-хормоните. Позитивните ефекти можат да траат и до осум часа.

Сменете ја рутината

Мозокот реагира на нови искуства преку ослободување на зголемено количество невротрансмитери, како што е допаминот, коишто ја зголемуваат концентрацијата. Не е потребно да правите нешто екстремно за да се расоните, едноставно правете мали промени што ќе го изненадуваат мозокот.

Средете го плакарот

Ако наутро се соочувате со проблем при изборот на облека, не сте сами. Тоа им се случува на многумина, а во просек, луѓето што имаат најголеми потешкотии при изборот на облека, се чувствуваат најисцрпено во текот на денот. Одберете ја облеката што ќе ја носите уште од вечерта или пак во најмала рака, ограничете го изборот на најмногу 10 парчиња.

Земајте витамини

Секако, витамините не се магични енергетски таблети, но недостигот од витамини може да предизвика хроничен замор, особено доколку има недостиг од Б витамините, коишто помагаат енергијата од храната да се претвори во енергија што телото може да ја искористи. Доколку не внесувате доволно хранливи материи преку исхраната, купете си мултивитамински додаток и пијте по една таблета наутро.