КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Едноставни начини да се разбудите уште посвежи

Кога се будите наутро, без разлика со колкав ентузијазам му пристапувате на новиот ден, често се случува умот и телото да не се согласат и да бараат уште одмор. За среќа, постојат одредени чекори кои можете да ги преземете за да си го олесните будењето.

Кога се будите наутро, без разлика со колкав ентузијазам му пристапувате на новиот ден, често се случува умот и телото да не се согласат и да бараат уште одмор. За среќа, постојат одредени чекори кои можете да ги преземете за да си го олесните будењето.

Не брзајте

Постои биолошка причина зошто го мразите ненадејниот звук на вашиот будилник. Инерцијата на спиењето станува многу полоша кога ненадејно се будите. Во тој миг, телото одеднаш влегува во режим на функционирање за кое не е подготвено. Првиот чекор во битката со непријатното чувство „не можам да станам од кревет“ можеби е понежна музика на алармот. Ако сте во можност, набавате будилник кој ве буди постепено, со засилување на тонот, за да можете да се прилагодите на преодот од сон кон јаве и тоа воопшто да не го чувствувате како шок.

Кафе

Инерцијата на спиењето ги намалува и физичките и менталните способности. Во една независна студија, било откриено дека испитаниците имале намалени моторни способности повеќе од еден час по будењето. За побрзо освестување, експертите препорачуваат кафе. Количината на кофеин во една шолја кафе е доволна за да ги зголеми физичките перформанси и менталната свесност и до 30 проценти во првите 15 до 30 минути по будењето. Ако имате особени потешкотии во првиот час по будењето, пиењето кафе во првите 5 минути од денот може да ви го скуси расонувањето на само половина час.

Физичка активност

Физичката активност е еден од најдобрите начини за ослободување од поспаноста, побрзо освестување и останување во таква состојба. Наместо да ги гледате утринските вести, отидете и купете си весник, изнесете го ѓубрето или пак поставете гласен будилник (покрај оној што ви е до креветот) на некое друго место во домот. Додека стигнете дотаму, веќе сте се раздвижиле, сосема доволно за вашето тело да го прифати новиот режим.