КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Електронските уреди ви предизвикуваат несоница

Во моментов, алармантни 15 проценти од возрасното население во светот спијат по 6 часа или помалку секоја вечер.

Тоа е сигурен пат до бројни болести, кои настануваат како последица на нарушување на нормалните процеси во организмот. Сите сакаат да спијат повеќе, но најчестиот изговор е дека немаат време. Што се случува кога ќе си легнете? Се обидувате да ги смирите мислите и да го дофатите сонот и тогаш пинг! Стигнува нова нотификација за порака, електронска пошта, коментар и што ли уште не.

Токму така – електронските уреди се најголемите непријатели на сонот.

Не само што светлината од телевизорот, лаптопот, таблет-компјутерот, смартфонот и сл. ви го стимулира мозокот и не му дозволува да се прилагоди на темнината, туку постојаното исчекување на нотифакции и интеракција ве држи на штрек, не дозволувајќи ви да се опуштите до степен што ќе ви овозможи да заспиете.

Како да заспиете?

Исклучете ја електрониката.

Не користете никакви електронски уреди во спалната соба, но и на еден час пред легнувањето. Наместо тоа, посегнете по вистинска книга, која ќе ве опушти и ќе ве направи поспани.

Опуштете се со лежерна прошетка.

Еден час пред спиење, излезете на релаксирачка прошетка од 15 минути на чист воздух. Вдишете длабоко и потоа уживајте во сонот што природно ќе ве запоседне. -Исчистете го распоредот. Во текот на работниот ден, тргнете колку што е можно повеќе точки од дневниот ред за следниот ден. Ако имате премногу работни обврски, постојано ќе мислите на нив и ќе посакате да го дофатите лаптопот за да завршите уште нешто.

Без доцни оброци.

Не јадете најмалку 2 часа пред спиење. Идеално, последниот оброк не треба да ви биде подоцна од 19 часот, а треба да си легнете во 22 часот или порано. Времето што го оставате помеѓу последниот оброк и спиењето овозможува правилна дигестија, што го одржува правилниот ритам на метаболизмот и спречува: зголемување на телесната тежина, нарушување на исхраната и најважно – спречува нарушување на циклусот на спиење.