КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Есенцијални витамини и минерали кои ви се потребни секој ден

Дали ги внесувате сите хранливи материи кои му се неопходни на вашиот организам? Иако правилната и здрава исхрана секогаш е на прво место на дневниот ред, некогаш забораваме на дел од есенцијалните хранливи материи кои ни се неопходни.

Дали ги внесувате сите хранливи материи кои му се неопходни на вашиот организам? Иако правилната и здрава исхрана секогаш е на прво место на дневниот ред, некогаш забораваме на дел од есенцијалните хранливи материи кои ни се неопходни.

1. Витамин Д

Витаминот Д го подобрува здравјето на коските, ја регулира работата на метаболизмот, го скротува гладот и го подобрува имунолошкиот систем. Затоа, не е воопшто чудно што во зима, кога сме скриени од сончевата светлина, има многу повеќе настинки. Ако не можете да излегувате почесто за да ги впиете сончевите зраци, внесувајте повеќе храна богата со овој витамин: харинги, лосос, сом, остриги, сардини, туна, ракчиња, јајца, итн.

2. Омега-3

Омега-3 масните киселини имаат неверојатни карактеристики кои го подобруваат здравјето. Масните киселини се основната материја од која се создаваат мастите, а овој вид е најздравиот за човечкиот организам. Со помош на омега-3 се намалуваат воспаленијата, се спречува настанувањето на тромбови, се подобрува здравјето на клетките и се поправаат клеточните мембрани. Омега-3 масните киселини се полинезаситени масти, кои придонесуваат за оптимално кардиоваскуларно здравје, преку намалувањето на триглицеридите и штетниот ЛДЛ холестерол. Со оглед на тоа што човечкото тело не може самостојно да создаде омега-3, овие масни киселини мора да се внесуваат преку исхраната. Најзастапени се во: лосос, туна, сардини, ореви, ленено семе, див ориз и одредени млечни производи.

3. Витамин Е

Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој ги заштитува клетките од слободните радикали и во одредена мера може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест, иако ова сѐ уште не е научно потврдено. Витаминот Е е најзастапен во: сончоглед, пченични никулци, бадеми, лешници, кикиритки, маслиново масло, зеленчук и житарки.

4. Калциум

Калциумот е најзастапен минерал во човечкото тело, кој се врзува со витаминот Д и нѐ одржува во врвна форма, ја регулира функцијата на нервите и го одржува крвниот притисок на здраво ниво. Недоволниот внес на калциум доведува до повишен крвен притисок, а најдобар начин за снабдување со овој минерал е преку природни извори, т.е. преку храната. Оптималната дневна доза е 1.000 милиграми за возрасни лица од 19 до 50 години и 1.200 за оние над 50 годишна возраст. Трудниците и доилките имаат потреба и од поголема доза. Најдобри извори на калциум се: портокали, сардини, брокула, јаткасти плодови, семиња, лосос, кајсии, тофу, смокви и млечни производи.

5. Магнезиум

И магнезиумот е минерал кој е клучен за одржување на здравјето на коските, а сепак се јавува недостиг од овој минерал кај повеќе од половина од населението. Магнезиумот, исто така, помага при регулацијата на циркулацијата на крвта, одржување на кардиоваскуларното здравје и помага при опуштањето на мускулите и нервниот систем. Најдобри извори се: јаткасти плодови, сончоглед, темно чоколадо, тиква, краставица, грав и житарки.

6. Витамин Ц

Овој супер антиоксиданс е клучен за одржување на добрата состојба на имунолошкиот систем, заздравувањето на раните, заштитата од рак и борбата против слободните радикали. Препорачаната дневна доза за мажи е 75 милиграми, додека за жени е 90 милиграми. Најдобри извори на витамин Ц се: брокула, пиперки, карфиол, магдонос, лимон, јагоди, зелка, домати, киви, папаја и речиси сите други видови овошје и зеленчук кои содржат барем малку витамин Ц.