- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Колку добро го познавате вашиот кревет? Ние поминуваме околку една третина од нашиот живот во спиење, но сигурно ги немате сите информации кога станува збор за креветите. Ако сакате да дознаете повеќе за една од најважните работи во вашиот живот, продолжете да читате.
Колку добро го познавате вашиот кревет? Ние поминуваме околку една третина од нашиот живот во спиење, но сигурно ги немате сите информации кога станува збор за креветите. Ако сакате да дознаете повеќе за една од најважните работи во вашиот живот, продолжете да читате.
Нели е возбудливо да се изгубите во многу голем кревет? Кревет кој е доволно голем и вие нема да се грижите дали ќе паднете од него... па ако мислите дека вашиот кревет е голем ние ќе ви кажеме дека според Гинисовата книга на рекорди, најголемиот кревет е подолг од 25 метри и 15 метри широк. За да имате толку голем кревет, треба да имате огромна соба, но од друга страна пак нема да се грижите дали ненадејно ќе го удрите вашиот партнер, туку сосема спротивно - ќе ви биде драго кога ќе се сретнете.
Колку често ја менувате постелнината? И колку е здодевно да го правите тоа? Не заборавајте дека работите ќе беа и полоши – чаршафите со ластик ќе останат на своето место и целиот процес ќе биде поедноставен. Првата варијанта на чаршафи со ластик беше направена до 1958 година, а модерната верзија се направи во 1990 година.
Најверојатно многу. Толку многу што поминувате многу време во него. Истражувањата покажуваат дека креветот е омиленото место во домот, бидејќи го користиме повеќе од секое друго парче мебел. Земете го предвид фактот дека ние поминуваме една третина од нашиот живот во кревет, па затоа и не е чудно. Ова треба да ни биде добар потсетник, посебно кога купуваме нов кревет.
Наместениот кревет е очигледен знак дека вие сте организирана личност, а вашиот дом ќе изгледа поуредно... но тоа не е секогаш добра идеја. Истражувањата покажуваат дека растурениот кревет е непријателски настроен кон бубачките и прашината. Ако сакате да се ослободите од различните пестициди, наутро не го местете вашиот кревет. Но, ако сакате друштво тогаш може да го наместите. Кој би помислил дека мрзеливоста може да биде добра за нас?
Најверојатно верувате дека сте дале многу пари за вашиот кревет (но запомнете, инвестицијата во креветот е една од најпаметните идеи); иако, вие веројатно не сте платиле толку многу колку што платил некој друг. Дали би сакале да знаете колку чини најскапиот кревет? Околу 5.500.000 милиони денари.
Водените кревети се невообичаени и затоа се смета дека се иновација, но во реалноста тие се присутни долго време. Водените кревети беа откриени во 1800 година и нивната главна цел беше да се спречи појавата од рани кои се појавуваат поради долго лежење во кревет. Тие се многу популарни бидејќи се многу удобни. Дали сте пробале да спиете на воден кревет?
Сигурно вашиот душек сега тежи повеќе за разлика од првиот ден кога го купивте. Најверојатно ова е нешто што не сакате да го слушнете, но во текот на 10 години масата на душекот станува двојно поголема. Зошто е тоа така? Затоа што собира прашина, мртви клетки, прашински грини и сл. Ова баш и не ви се допаѓа нели? Можеби е време да го замените душекот?
Доколку ви е потребно повеќе време, тоа може да биде знак дека вашиот душек не е во добра состојба и треба да се замени. Нормално би ви требало 10-15 минути за да заспиете. Ако ви треба повеќе време треба да почнете да барате замена за вашиот душек. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се чувствуваат удобно во својот кревет не треба да имаат проблем да заспијат за помалку од 15 минути; што значи дека ако ви треба подолго време да заспиете, треба да го замените душекот.