- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Идејата за душек кој се поставува директно на подот потекнува од Јапонија каде веќе многу години наназад е познато дека ваквото приземјено поставување на душекот помага да се оддржи правилната форма на душекот, додека истовремено овозможува идеална поддршка на грбот и телото.
Споделуваме со вас неколку идеи од докажани архитекти за внатрешно уредување за дел од начините на кои футонот може да се вклопи во вашиот дом. Постојат и футони чии прекривки доаѓаат во неколку бои, па штом се решите да ре-декорирате низ домот, наместо да го менувате мебелот од нула, можете да ја смените само прекривката.
Футонот лесно се вклопува во денешните модерно дизајнирани дневни соби. Острите рабови изгледаат софистицирано и елегантно. Мемори пената (бидејќи сепак се работи за душек во основата) ја прави оваа табуретка најудобната табуретка на која ќе седнете во животот.
Кога веќе ги споменавме острите рабови, мора да се напомене дека површината на футонот е совршено рамна и доволно цврста за да ја употребувате и како масичка за вашата дневна или спална соба. Нејзините димензии дозволуваат користење како да се работи за класична масичка за кафе.
Футонот е се почесто употребуван и во детските соби. Родителите веќе знаат дека детските креветчиња на расклопување се тешки, зафаќаат простор и никогаш не можете да го испланирате распоредот на мебелот во детската соба, особено ако имате на ум дека честопати ќе биде потребен и екстра кревет за другарчињата. Футонот не само што брзо се претвора во легло плус, туку е практичен и за секојдневните детски игри, па така наместо на подот децата ќе си играат на ортопедска мемори пена.
Веќе скоро и да не постои викендица во која нема да најдете барем еден футон. Сите практични особини на футонот имаат најдено примена во уредувањето на викендиците. Со минимум средства и планирање и само едно парче мебел се решаваат половина од главоболките поврзани со внатрешното уредување на викендицата.
Една честа и интересна примена на футонот е тоа што можете да го отворите и поставите веднаш покрај ѕидот. Додадете само неколку перници за потпирање на грбот и имате иновативен кауч и место за одмор. На истиов начин можете да го наместите футонот и на терасата и да добиете ултра модерно катче со поглед кон ѕвездите.