- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Големината на последниот оброк во денот има големо влијание на квалитетот на сонот. По обемната вечера, луѓето често се будат со тежина во телото.
Ако сакате да го избегнете ова, најдобро ќе биде да јадете пообемен појадок и мала вечера со цел да ја регулирате количинината на шеќер во крвта и да го подобрите квалитетот на сонот.
Постојаното проверување на нотификациите на вашиот телефон може да влијае на тоа како спиете. Имено, постојаната изложеност на сината светлина од електронските уреди го лаже мозокот дека сѐ уште е ден.
Плус, ако ги проверувате пораките постојано, никогаш нема да можете да се тргнете настрана и целосно да се опуштите.
Точно е дека дури и најмалата количина на алкохол може да му помогне на телото да се ослободи од насобраниот стрес во текот на денот. Сепак, неколку чашки алкохол, најчесто ќе ве држат будни до доцна во ноќта и кога ќе се разбудите нема да функционирате најдобро.
Ако сакате добро да се наспиете, ќе биде најдобро да заборавите на консумирање на алкохол навечер. Ако сѐ уште не сакате да го елиминирате алкохолот од вашата вечерна рутина, тогаш барем практикувајте пиењето алкохол најдоцна 3 часа пред спиење.
Кавгите кои се случуваат доцна навечер може да предизвикаат проблеми со спиењето и несоница. Ако сте дел од вжештена караница пред спиење, ви советуваме да вдишете длабоко и да ги оставите кавгите за следниот ден.
На крај на денопт, кога целото тело полека се исклучува, не се препорачува консумирање на суплементи во исхраната. Витамините можат да ја зголемат енергијата во телото, затоа, најдобро е да ги консумирате наутро, кога и навистина ви се потребни.