КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Храна богата со железо

Железото е една од најважните хранливи материи неопходни за оптимално здравје. Оваа супстанца е клучна состојка на хемоглобинот, што значи дека секаков недостиг може да резултира со бројни влошувања на здравјето. Оттаму, многу е важно во исхраната секогаш да имате храна која е богата со железо.

Железото е една од најважните хранливи материи неопходни за оптимално здравје. Оваа супстанца е клучна состојка на хемоглобинот, што значи дека секаков недостиг може да резултира со бројни влошувања на здравјето. Оттаму, многу е важно во исхраната секогаш да имате храна која е богата со железо.

Соја

Зрнцата соја и сите производи од соја, како што е на пример тофу, се едни вбројуваат меѓу најбогатите извори на железо од која било храна. Сите есенцијални амино киселини се наоѓаат во зрнцата богати со хранливи материи. Протеините во сојата се слични со оние во месото. Маслото од соја е богат извор на масни киселини. Овие масла не се создаваат во телото и се клучни за здравјето.

Леќа

Леќата содржи железо, протеини и растворливи растителни влакна. Овие растителни влакна помагаат да се намали холестеролот и да се балансира нивото на шеќер во крвта. Истражувањата посочуваат дека ако во исхраната редовно е застапена леќата, се намалува ризикот од: прекумерна телесна тежина, кардиоваскуларни заболувања и некои видови рак.

Грав

Гравот е одлична храна за справување со состојбата на преголема телесна тежина, како и за стабилизација на нивото на шеќер во крвта. Има низок процент на масти, нема висока калориска вредност, ниту содржи многу натриум, а содржи солидна количина растворливи растителни влакна и протеини и секако, има висок процент на железо во составот.

Семиња

Семињата се вкусна храна, со висок процент на железо. Најлесно во исхраната можете да ги вклопите следниве семиња: семки од тиква, сусам, сончоглед; а од нив ќе имате и најголема корист. Ако сте љубител на грицкање, можете да ги јадете печени (со што е можно помалку сол или без сол), а можете да ги додавате и во рецепти.

Говедска кртина

Говедската кртина е одличен извор на железо и протеини, а во исто време, содржи низок процент на заситени маст, а висока концентрација на витаминот Б12 и цинк.

Спанаќ

Спанаќот содржи голема концентрација на железо и придонесува за здравјето на косата и кожата. Вклучете го во исхраната за да го намалите ризикот од срцеви заболувања, одредени видови рак и очни болести.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, железо и други флавоноиди. Овие хранливи материи заштитуваат од срцеви заболувања и одредени видови рак. Најбогати со железо се: индиски оревчиња, кикиритки и бадеми.