КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

9 Видови на храна кои не треба да ги конзумирате

Со толку многу дезинформации за храната и за нејзиното влијание врз вашето здравје, навистина е тешко да изберете здрава храна за вас и за вашето семејство. Постои специфична храна која треба да се избегнува бидејќи од неа нема никаков бенефит, а е ризична за вашето здравје.

Со толку многу дезинформации за храната и за нејзиното влијание врз вашето здравје, навистина е тешко да изберете здрава храна за вас и за вашето семејство. Постои специфична храна која треба да се избегнува бидејќи од неа нема никаков бенефит, а е ризична за вашето здравје. Еве 9 видови на храна која не смеете да ја јадете ако се грижите за своето здравје:

  1. Бел леб, бело брашно. Белиот леб и белото брашно се во суштина многу отровни за вашиот организам првенствено бидејќи во нив нема воопшто никаков витамин, а се избелувани со хлор и содржат големо количество на бром.
  2. Замрзнато јадење. Замрзнатите оброци се полни со хемикалии, хидрогенизирани масти и конзерванси. Сите вакви јадења најчесто се предолго готвени со што ја изгубиле целата хранлива вредност, особено откако ќе ги загреете во микробранова.
  3. Бел ориз. Исто како и белиот леб, белиот ориз ја има изгубено сета хранливост и не содржи трици и ’ркулци кои природно се дел од кафениот ориз.
  4. Пуканки за во микробранова. Оваа храна, иако многу популарна, може да се каже дека е истовремено и една од најнездравите. Ова е генетски модификувана пченка, со конзерванси за подобар вкус и хемикалија позната како диацетил која може буквално да ги уништи белите дробови.
  5. Месни преработки со нитрати, нитрити. Саламите, виршлите, сланината и другите месни преработки најчесто се полни со содиум нитрат и други конзерванси кои се поврзани со срцевите заболувања и ракот.
  6. Енергетски десерти. Поради агресивниот маркетинг сите добиваме впечаток дека енергетските и протеинските десерти се додаток во здравата исхрана. Но, многу често, тие содржат преработени соини протеини, рафиниран шеќер, хидрогенизирани масти и многу други супстанци кои предизвикуваат хронични заболувања.
  7. Маргарин. Маргаринот, за разлика од путерот и другите заситени масти, треба да го избегнувате по секоја цена.
  8. Млеко и месо од соја. Покрај тоа што речиси сите производи од соја се од генетски модификувано потекло, поголемиот број од нив се преработуваат користејќи отровна хемикалија позната како хексан која се поврзува со вродени маани, проблеми со репродуктивниот систем и рак.
  9. “Диетални“ производи. Голем број од таканаречените диетални производи на пазарот содржат вештачки засладувачи кои пак предизвикуваат невролошки оштетувања и гастроинтестинални проблеми. Наместо ова, конзумирајте колку можете повеќе природна храна и вашето тело ќе реагира на најдобар можен начин.