- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Исхраната е еден од столбовите на доброто здравје. Многумина не внимаваат доволно на неа кога се наоѓаат на работното место, со што го нарушуваат метаболизмот и општото здравје. Сменете ги навиките и заштитете го организмот.
Исхраната е еден од столбовите на доброто здравје. Многумина не внимаваат доволно на неа кога се наоѓаат на работното место, со што го нарушуваат метаболизмот и општото здравје. Сменете ги навиките и заштитете го организмот.
Носете си храна од дома
Најголем дел од нутриционистите велат дека за да се храните подобро на работното место, треба да испланирате што ќе јадете уште претходниот ден и да си донесете храна од дома, зашто зготвената храна секогаш е подобра од онаа во рестораните или пак киосците за брза храна.
Ограничете ја порцијата
Без разлика дали се работи за цел оброк или само за ужина, треба да ја ограничите порцијата што ќе ја јадете на работа. Само испланираниот оброк може да биде здрав. Доколку тој оброк е богат со јаглехидрати и масти, трудете се да го намалите количински, за да ги ограничите калориите.
Обично, оброците ги конзумираме до последниот залак, иако гладта може да се задоволи и со помалку. Не се плашете да фрлите дел од оброкот доколку не сте веќе гладни.
Дознајте што е навистина здраво
Прочитајте повеќе за храната што ја јадете, за да бидете сигурни дека она што го внесувате е хранливо и здраво. Солените крекери можеби се поздрави од чипсовите, но тоа не ги прави здрава храна. Постојат повеќе видови храна за кои владее мислење дека се здрави, а всушност не се.
Во одредени случаи можете и да го излажете организмот дека сте сити. На пример, луѓето што ги чуваат слатките во темен сад имаат помали шанси да ги изедат отколку оние што ги чуваат во проѕирен, стаклен сад.
Совет за жените – водете особена грижа
Жените не треба да ги занемарат опасностите од кардиоваскуларни болести, иако медиумите ставаат поголем акцент на овој проблем кај мажите. Во просек, годишно умираат повеќе жени од срцеви проблеми. Ним им е потешко да ја избегнуваат нездравата исхрана на работното место затоа што се под поголем стрес од машките колеги, што ги прави поемотивни при јадењето.