- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Во зима, кога воздухот е студен, многу е лесно кожата да се исуши и да го загуби природниот сјај. Пред да ја потрошите целата плата на лосиони и креми, обидете се да ја потхраните кожата однатре.
Во зима, кога воздухот е студен, многу е лесно кожата да се исуши и да го загуби природниот сјај. Пред да ја потрошите целата плата на лосиони и креми, обидете се да ја потхраните кожата однатре. Храната што ја внесуваме е исто толку важна за здравјето на кожата, колку што се и препаратите што ги ставаме врз неа.
Ако не внесуате доволно витамин А преку исхраната, тогаш кожата ќе ви страда во текот на зимските месеци. Недостигот од оваа хранлива материја ќе ја исуши кожата и ќе предизвика лупење. Овој витамин е важен и поради тоа што го забавува процесот на стареење.
Сите знаеме дека цитрусните овошја, како портокалите и грејпфрутот изобилуваат со витамин Ц. Но, овој витамин не е ефикасен само за зајакнување на имунитетот и справување со настинките, туку може да ви помогне и да се справите со проблемот со брчките.
Маските со сулфур се одлични за кожата, но храната богата со сулфур, како што се јајцата и лукот, ѝ помагаат на кожата однатре. Сулфурот ќе ја измасни кожата, со тоа што ќе го поправи ткивото и ќе ја подобри еластичноста на кожата.
Зелениот чај ја лекува кожата на повеќе начини. Помага во заштитата од меланом и служи како антивоспалителен агенс.
Рибите како: лосос, туна и пастрмка се богати со омега-3 масни киселини. Овие корисни масти помагаат да се омекне сувата кожа, задржувајќи ја влагата, што помага да се добие помладешки изглед.
Која е чудесната храна што ќе ви овозможи природна УВ заштита? Домати. Јадењето домати може да помогне во блокирањето на штетните сончеви зраци. Ова е одлична вест, со оглед на тоа што ултра виолетовите зраци можат да предизвикаат прерано стареење и рак на кожата.