КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како храната влијае врз спиењето

Храната може да има големо влијание врз спиењето. Веројатно некогаш сте искусиле бессона ноќ и тешко утро по обилна вечера. Претерувањето со алкохол, кафе и тешка храна пред спиење може да има силно влијание на соништата.

Храната може да има големо влијание врз спиењето. Веројатно некогаш сте искусиле бессона ноќ и тешко утро по обилна вечера. Претерувањето со алкохол, кафе и тешка храна пред спиење може да има силно влијание на соништата. Правилниот избор на оброк пред легнување исто така придонесува за благосостојбата и Ви помага во борбата против вишокот килограми.

Храна со скроб

Ако јадете голема количина храна со скроб пред легнување, како што се оризот и компирите, можно е да дојде до појава на вртоглавица и поспаност. Ова можете да си го дозволите доколку немате проблеми со телесната тежина. Ако имате, не е препорачливо. Исто така, избегнувајте храна со многу сол, затоа што ја задржува водата во телото и Ве ожеднува, што може да предизвика будење среде ноќ за да се напиете вода.

Кофеин

Кофеинот исто така може негативно да влијае врз спиењето. Често забораваме дека тој се содржи и во голем број газирани пијалаци, а до одреден степен и во некои чаеви. Чајот од камилица пак, го има спротивниот ефект. Подгответе си чаша еден час пред легнувањето.

Чаша топло млеко пред спиење

Веројатно веќе сте чуле, а можеби и сте го пробале ова во детството – чаша топло млеко има ефект на седатив. Млекото ја содржи аминокиселината триптофан, која предизвикува поспаност. За подобар ефект, треба да го комбинирате млекото со јаглехидрати, кои предизвикуваат побрзо излачување на инсулин. Совршен за комбинирање во случајов е медот, од кој Ви е доволна една кафена лажичка. Ако си создадете навика секоја вечер пред легнување да пиете чаша млеко, тоа само по себе ќе има ефект на седатив, поради тоа што телото ќе добие условен сигнал дека е време за спиење.

Вечера

Обидете се да вечерате порано, не подоцна од 20 часот или пак најмалку 3 часа пред легнување. Вечерајте лесна храна, но не премногу лесна, за да не огладните пред да заспиете. -Ако вечерниот оброк содржи голема количина месо, тоа може да Ви го отежни спиењето, затоа што гастроинтестиналниот тракт ќе работи постојано за да ја обработи храната. -Зачинетата храна исто така може да предизвика потешкотии, особено кај луѓето кои имаат чувствителен желудник. -Премногу блага храна исто така предизвикува потешкотии при спиење, затоа што доаѓа до флуктуации во нивото на инсулин во крвта.

Вечера за спортисти

Ако често сте физички активни, препорачливо да имате неколку помали оброци дневно. Со оглед на тоа што помеѓу вечерата и појадокот поминува повеќе време одошто помеѓу дневните оброци, препорачливо е да изедете ужина на база на протеини пред да си легнете, по можност комбинирана со јаглехидрати – последново особено се однесува на оние кои имаат потешкотии со зголемувањето на мускулната маса.