- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ќе се согласите дека здравата храна најчесто е многу поскапа, но, исто така точно е и дека можете да се храните здраво без значително да ги зголемите трошоците. Прочитајте како.
Кајсиите и јагодите се многу поскапи зимно време едноставно затоа што тогаш не им е сезона! Сезонските производи се секогаш достапни од различни произведувачи, па затоа се и поевтини.
Многумина нема да се согласат дека ова е најздрава опција, меѓутоа треба да знаете дека зеленчукот кој е наменет за замрзнување се бере во моментот кога идеално зрел и веднаш се замрзнува, па затоа ги задржува најголем дел од витамините и хранливите материи. И секако, замрзнатиот зеленчук е поевтин од свежиот.
Во некои продавници има специјални полици со овошје кое се продава по поевтина цена само затоа што не е “убаво на изглед“, но е исто толку вкусно и ги содржи истите хранливи состојки како и она овошје кое има совршен изглед.
Конзервираната зрнеста храна е многу евтина во продавниците, а истовремено е одличен избор затоа што има протеини и железо…
Листата за такви состојки е бесконечна: кељ, леќа, туна, јаболка, моркови зелка, јајца, банани, портокали...
Сега, дури и основните состојки, како што се лебот, млекото, јајцата, месото, овошјето и зеленчукот, секојдневно се нудат со најразлични понуди. Па затоа, купувајте паметно и проверувајте ги цените во различни маркети и пазари.
Овесните снегулки се многу поевтини од останатите состојки кој најчесто се јадат за појадок, а сепак се неверојатно хранливи и се одлични за почеток на денот.
Јатките се полни со хранливи состојки и нивното производство бара многу труд, па затоа се и многу скапи. Сепак, не ги отфрлајте од вашето секојдневно мени; купувајте ги во големи пакувања и така ќе заштедите.
Органската храна е одличен избор затоа што не содржи пестициди и други штетни состојки, па затоа е и многу скапа. Одберете здрави и хранливи состојки кои и не мора секогаш да се од органско производство.
Најдобар избор за здрава храна е сами да си ги одгледувате состојките. Ова е и најевтин избор. Одгледувајте овошје и зеленчук кои се омилена во вашето семејство.
Протеинскиот шејк е секако поевтина опција од протеински оброк, а сепак го снабдува вашето тело со она што му е потребно.
Големите производители своите производи ги пласираат на пазарот по многу по високи цени од оние кои не се познати, а се со ист квалитет. Заштедете!